Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Познати фаворитите во трката за вакцина против Ковид-19

0
By Нова ТВ on November 27, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Позитивните резултати од завршните испитувања на неколку кандидати ја поттикнаа надежта дека набрзо ќе заврши пандемијата.

Десетици „стартап“компании до фармацевтски гиганти се натпреваруваат да произведат безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот, за да одговорат на итната здравствена потреба и добро да заработат.

Позитивните резултати од завршните испитувања на неколкуте кандидати за вакцината ја поттикнаа надежта дека набрзо ќе заврши пандемијата. Новиот коронавирус досега уби речиси 1,4 милиони луѓе во светот.

Светска здравествена организација (СЗО) до средината на ноември идентификува 48 „кандидати за вакцина“, кои се во фаза на испитување врз луѓе. Тоа е голем напредок од јуни, кога имаше 11 кандидати.

Единаесет кандидати за вакцина се во последната, трета фаза на испитување, во која ефикасноста на вакцината се тестира на поголем примерок луѓе, воглавно на десетици илјади луѓе од неколку континенти.

Висока ефикасност

Европскиот проект предводен од Оксфорд и АстраЗенека во понеделникот објавија дека ефикасноста на нивната вакцина просечно е 70 отсто. вакцината се испитуваше на 23.000 луѓе.

Кога доброволците примија две високи дози, вакцината беше ефикасна 62 отсто, но ефикасноста се зголеми на 90 отсто кога првенствено добија мала доза вакцина, а потоа голема.

Соопштија дека вакцината може најмалку половина година да се чува, транспортира и ракува со неа „на температурата на обичен фрижидер“ и најавија планови за развој до три милијарди дози вакцини во 2021 година, ако ги поминат преостанатите регулаторни препреки.

Најавата уследи откако американско-германскиот проект Фајзер и БиоНТек на почетокот од ноември објавија дека ефикасноста на нивната вакцина е 90 отсто и дека нема штетни нуспојави помеѓу илјада доброволци.

Оттогаш објавија нови резултати од испитувањето што покажуваат дека вакцината дејствува во 95 отсто од случаите.

„Ефикасноста беше доследна кај сите возрасти, полови, расни и етнички демографски групи“, објави компанијата.

Фајзер во моментот итно бара од американскиот регулатор ФДА одобрение за употреба на вакцината и очекува до крајот на следната година да произведе 1,3 милијарди дози.

Русија и Кина

Американската биотехнолошка фирма Модерна исто така овој месец објави дека нејзината вакцина е ефикасна речиси 95 отсто.

Модерна планира во следните неколу недели да предаде барање за итно одобрување на вакцината во САД и ширум светот. Се очекува до крајот на годината да испорача околу двеста милиони дози во САД. Компанијата соопшти дека во 2021 година би можела да произведе од 500 милиони до една милијарда дози вакцини.

Дополнително, се проценува дека неколку државни кинески лаборатории би произвеле ветувачки вакцини.

Русија во меѓувреме веќе регистрира две вакцини против Ковид-19, дури и пред завршување на клиничките испитувања.

Видови на вакцина?

Некои методи на развој на вакцината веќе се испорбани, додека другите се експериментални.

Инактивираните (мртви) традиционални вакцини користат умртвен вирус, кој не може да предизвика болест, но поттикнува развој на имунитетот. Другите се атенуирани (живи) вакцини кои користат ослабен вирус кој нема потенцијал да предизвика болест, но поттикнува силен имунолошки одговор.

Овие вакцини дејствуваат кога телото деактивираниот патоген го третира како реална закана и создава антитела кои го убиваат, а притоа не го загрозуваат пациентот со целосна зараза.

Вакците дејствуваат така што видовина „вирусни вектори“ внесуваат фрагментирани вирусни ДНК во човековите клетки, често „возејќи се“ во молекулите на другите вируси, пишува агенцијата АФП.

На пример, вирусот на сипаници модифициран со протеин од коронавирус, алатка со која САРС-ЦоВ-2 се фаќа за човековите клетки, може да се искористи за да пружи имунитет против Ковид-19.

Вакцинитре на Фајзер и на Модерна се засновани на врвна технологија што користи синтетички верзии на РНК која го претвора човековото тело во фабрика за вакцина поттикнувајќи ги клетките да создаваат протеин на вирусот, што имунолошкиот систем го гледа како закана од такви напади.

Безбедноста на прво место

Неодамна поради безбедносни причини привремено се запрени испитувањата на двата кандидата за вакцина, произведени од Џонсон&Џонсон и од Ели Лили.

Но, тоа не се нужно лоши вести, изјави Стефан Еванс, професор по фармакоепидемиологија во Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

„Фактот дека се запрени испитувањата треба да укаже на тоа дека добро функционира надзорот на безбедноста на учесниците во истражувањата“, рече Еванс.

Се поставува прашањето колку долго потенцијалната вакцина може да дејствува со оглед на неодамнешните случаи на повторното заразување со коронавирусот.

Американскиот регулатор ФДА во октомври објави дека пред да издадат итна дозвола за која било вакцина, сака да ги разгледа сите пропратни податоци два месеца по бакцинирањето.

„Тоа што е поинаку во случајот против коронавирусот е што се работи за итна јавноздравствена криза па развојот на вакцина е многу побрз, а со тоа и барањата за потенцијално одобрување“, истакна Европската агенцијиа за лекови (ЕМА). Но, дури и итноста не може да биде над правилата.

„Сите вакцини во ЕУ пред одобрување се проценуваат според истите високи стандарди како и кој било друг лек“, соопшти ЕМА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.