Шефот на палестинската мисија во Прага, Џамал ал-Џамал, загина при отворање на стар сеф во неговиот дом, јавува Би-Б-Си, а според една од верзиите во чешките медиуми, експлозијата се случила кога дипломатот отворил добиена поштенска пратка.
Во моментот на експлозијата во станот во населбата Суходол во чешката престолнина се наоѓале сите членови на семејството, рекол за агенцијата CTK, претставникот на амбасадата Навил ал-Фахел.
„Во домот во времето на експлозијата се наоѓале амбасадорот и неговото семејство. Според информациите со коишто располага амбасадата, амбасадорот е ранет. Ние не знаме точно што се случило”, додал ал-Фахел
Интернет порталот www.novinky.cz повикувајќи се на полициски извори, пренесе дека палестинскиот дипломат најверојатно бил тешко ранет додека „невнимателно ракувал со опасен експлозив”.