Бидете учесник на најпосетуваната обука во Македонија во организација на Центарот за обука: ова консалтинг и едукација. Досега 2000 задоволни учесници, 20 годишно искуство во едукација на вработени во финансовиот сектор, современо опремени простории, тестови, проекти, прирачници, софтвер.
Искористете го попустот за студенти и невработени.
Програмски модули:
– Концептуална рамка на финансиско известување
– Практично евидентирање на настани по основ на средства, приходи, расходи, обрски и капитал
– Практично водење на залиха на материјали, стоки за натамошна продажба, основни средства
– Класификација на средства и обврски од аспект на рочност (тековни/нетековни)
– Практична примена на Данок на додадена вредност
– Пресметки поврзани со евидентирани настани (амортизација, отпис на ситен инвентар, даноци и придонеси од плата)
– Контрола на финасиски извештаи и нивна усогласеност со законски барања
– Практична примена на законот за Данок на добивка и изготвување на даночен биланс
– Бруто биланс, Биланс на успех, Биланс на состојба
Учесници на обуката може да бидат сите заинтересирани без разлика на возраста, стручната подготовка и работното искуство, што сака да се стекне со практични вештини во областа на сметководството, даноци, анализи, пресметки, контрола на работењето и логичко расудување. Стекнатото знаење од обуката претставува солидна основа за успешно работење на слушателите во: финансискиот сектор на компаниите од бизнис сферата, од државните органи или работа во банка.
Обуката се одржува два пати неделно од 17:00 до 19:45 часот во просториите на Центарот за обука и едукација Нова консалтинг и едукација
Учеснисите по успешно изработен завршен тест ќе се стекнат со Сертификат за стекнати практични вештини за водење на сметководтсво, контрола на финансиски извештаи и примена на даночна регулатива.
Наставата е водена од докажани тренери, овластени ревизори и извршни директори кои своето 20 годишно искуство несебично го пренесуваат на сите оние кои имаат за цел својата визија да ја реализираат со знаење.
ЦЕНА
Попуст од 3.000 денари за студенти и невработени – 15.000 на три рати, за вработени 18.000 на три рати
Во продолжение Интервју со Драгица Шелдарова Крстевска, раководител на финансии и сметководство, Наше такси и нејзиното искуство со обуките
Што мислите колку е важна надоградбата во образованието за професионалниот ангажман во некоја компанија?
Крстевска: Образованието е клучен фактор за успешен старт на работното место. Сите ние со одреден степен на образование ја започнуваме кариерата на одредена позиција, притоа се случува, да во зависност и од другите вештини кои ги пројавуваме во текот на извршувањето на работните обврски, се определуваме поконкретно на работното место. Тоа прилагодување или уште подобро да кажам, утврдување на нашиот професионален профил, секако дека бара образовна надоградба. За да бидеме што е можно попрофесионални и успешни во работата, сметам дека апсолутно неопходно да имаме надоградба во образованието.
Имате ли чувство дека обуките на кои го усовршивте вашето знаење Ви помогнаа во барањето на нова работа? Зошто? Дали се почувствувавте посигурни?
Крстевска: Обуките, конкретно мене, бидејќи не барав нова работа, ми помогнаа да ги совладам побрзо работните обврски и да создадам опции за полесно разрешување на проблемите кои тековно претходно се појавуваа. Со други зборови, мене ми помогнаа да напредувам на работното место. Така што, мое мислење е дека обуките секако, Ве движат напред или со подобра работна позиција или со работно место во подобра компанија. Зависи само од Вас што барате. Но важно е, дека Ви даваат сигурност при донесувањето одлуки, при барањето решенија, во текот на дискусиите на состаноците излегувате со конкретни предлози подучени од примерите работени на обуките. Да секако, дека сте посигурни во тоа што го работите, бидејќи знаете дека можете да понудите опција или одговор кој е правилен.
Сметате ли дека денеска во Македонија може да се успее и „без врски“, доколку поседувате квалитет?
Крстевска: Успевањето во Македонија “без врски” бара голема посветеност, трпение и успешност покрај образованието и обуките. Верувам дека постои, но верувам дека поголем проблем е да се добие работното место без никакво работно искуство. Тука можеби клучна улога играат како што велите “врските”. Треба од некаде да се почне, но доколку се добие шанса “без врски“, треба човек навистина да се посвети и особено да држи чекор со надоградба на образованието.
Во што се состои рецептот на успех кај предавачите во „Нова Консалтинг“, дали е тоа искуството или начинот како се пренесува знаењето?
Крстевска: Предавачите на Нова Консалтинг се професионалци со извонреден однос кон слушателите/ посетителите, со соодветен пристап кон секој слушател/посетител, кој мотивира повеќе да “ барате знаење”, да навлезете повеќе во специфичниот проблем, да наоѓате повеќе решенија на еден проблем, едноставно да го сакате повеќе тоа што го работите. Тоа според мене, дефинитивно е резултат на спојот искуство и начин на пренесување на знаење и јас сум им многу благодарна за тоа.