Published: Monday, November 4, 2013 16:21
Грчкиот претседател Папуљас и албанскиот претседател Нишани, во Тирана разговарале и во однос на прашањето за името на Македонија.
Папуљас истакна постои потреба да се најде име кое ќе биде прифатливо за сите, со точна географска одредница.
Според тиранскиот весник „Шекули“, со тоа претседателот на Грција, ја поддржал иницијативата за името „Славо-албанска Македонија“.
Папуљас на денешната средба со Нишани, меѓу другото, изразил цврста поддршка за европската интеграција на Албанија.
Претседателот на Грција изјавил дека грчкото малцинство во Албанија и албанските емигранти во Грција претставуваат мост на поврзување меѓу двете земји. Во изјавите, двајцата претседатели не кажале ни збор за прашањето на Чамите, протерани Албанци од Грција.




