Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Праските ќе патуваат кон Русија по фитосанитарната истрага

0
By Нова ТВ on August 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија ќе ја укине времената забрана за извоз на коскесто овошје од Македонија откако ќе добие извештај за спроведена истрага и преземени фитосанитарни мерки. Извештајот треба да го изготват надлежните органи од земјава и мора да биде прифатен од надлежните органи на Руската Федерација.

Фитосанитарната управа на Македонија веќе изготвува упатство за деконтаминација на магацините и насадите со коскесто овошје од страна на производителите и дистрибутерите во случај да се утврди присуство на габата „монилиниа фруктикола“.

Тим од македонското Министерство за земјоделство денеска во амбасадата на Руската Федерација имаше средба со заменик-амбасадорот Константин Берсенев. Како што беше речено на средбата, Како што соопшти МЗШВ, двете страни се согласни да се најде решение за времената забрана за извоз.

Договорено е идниот месец да се одржи состанок на техничко ниво меѓу претставници на надлежните органи од двете земји за да се разговора за актуелната состојба, но и за другите прашања за кои Македонија и Русија имаат потпишано Протокол, како и за тоа, во иднина да се превенираат вакви состојби.

– Претставниците на македонската страна ги истакнаа преземените мерки од страна на надлежните органи изминатата недела, меѓу кои: контрола на примарните складови и откупните пунктови, како и засилена фитосанитарна инспекција во регионот на Кавадарци и Неготино, земање сомнителни примероци со цел идентификација на распространетоста на штетниот организам на територијата на Македонија, информира Министерството.

На состанокот е презентирано и изготвеното Упатство за управување со „монилиниа фруктикола“ кое ќе биде споделено на фитосанитарните инспектори и земјоделските производители.

Русија од 15 август  воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Србија и Македонија поради загриженоста за безбедноста, соопшти рускиот регулатор за безбедност на храна.

Овоштари од Росоманско се загрижени бидејќи во моментов околу 500 тони праски чекаат во ладилникот и бербата на последните сорти праски е при крај.

Владата најави дека ќе работи на тоа да нема штети од забраната за увоз на македонски праски во Руската федерација и да се врати состојбата во нормала. Според министерот за земјоделство Љупчо Николовски, претставници на компании од Англија и Косово се веќе во Росоман за да проценат дали може да откупат одредени количини од трите камиони што ги врати Русија.

забрана праски Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.