Published: Tuesday, April 14, 2020 15:25
Пратеничката на СДСМ од Прилеп, Кети Смилеска е позитивна на корона вирусот. Смилеска во болница била сместена во саботата кога нејзината состојба се влошила. Таа ги имала сите симптоми на ковид-19, покачена температура, кашлица, малаксаност…
Смилеска не знае како се заразила, а епидемиолозите од анкетата ќе утврдуваат како дошла во контакт со заболен. Пратеничката вели дека се чувствува добро, пренесе Канал 5. Таа апелира до граѓаните да се придржуваат до препораките на надлежните и да ја избегнат болеста.
Прилеп е меѓу водечките градови по Скопје и Куманово со заразени од корона вирусот. Досега има 85 потврдени случаи на ковид-19.




