Пратеникот на „Златна зора“ Констанинос Барбарусис, кој вчера повика на воен удар во грчкиот Парламент и за кој претходно грчките медиуми објавија дека е уапсен, сепак успеал да и побегне на полицијата.

Споре весникот „Та неа“ пратеникот го избегнал апсењето и за малку ќе предизвикал сообраќајна несреќа. Повикувајќи се на полициски извори, пишуваат дека  Барбарурис, кој бил сам во автомобилот не застанал на полицискиот знак, туку со брзина од најмалку 180 км ја поминал патролата и избегал. Сите полицајци кои учествувале во апсењето на пратеникот, утринава дале изјави што точно се случило. Пратеникот возел автомобил марка „Волво“, но  не е познато дали автомобилот бил негов, или е во сопственост на грчкиот парламент.

Потрагата по него, се уште трае. Тој се бара по наредба на државното Обвинителство поради говорот во Собранието.

Барбарусис за време на расправата кажа „ Почна распарчувањето на Грција. Затоа што раководството на земјата не носи закони во интерес на нацијата, туку за свои сопствени интереси, го повикувам воениот врв во земјата да ја почитуваат заклетвата која ја имаат дадено и да го уапсат премиерот Ципрас, министерот за одбрана Каменос и претседателот на државата Павлопулос, за да се спречи ова предавство“ рече Барбариус.

Партијата „Златна зора“ ги осуди коментарите на нивниот пратеник и го исклучи од партијата. Исто така, на Златна зора и е забрането да учествува во продолжението на собраниската дебата.

Како што соопшти Обвинителството, на правосудните органи не им треба дозвола од парламентот да го укинат пратеничкиот имунитет.

На денешното продолжение на собраниската дебата, грчките медиуми пренесуваат дека министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, ќе презентира 33 документи кои ќе бидат вистинска „бомба“, а се поврзани со начинот на кои биле водени преговорите за името од претходните влади.

Министерот за надворешни работи на Грција, побарал да се декласифицираат документите за да може јавноста да дознае кои биле предлозите на претходните влади за време на преговорите. Коѕијас успеал да добие декласификација на 33 такви документи, кои датираат од 1992 година, досега.