Published: Wednesday, June 3, 2020 21:17
Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга и ќеркичката Далија се во болница со висока температура, но во добра и стабилна состојба сите тројца. Ова на прес-конференцијата го изјави министерот за здравство Венко Филипче.
„Тие се хосиптализирани, со висока температура се, но се стабилни“, изјави Филипче.
Тој информираа дека се тестираат не само јавните личности, сопартијци, новинари и функционери со кои се среќавал и разговарал Зекири, туку сите што биле во контакт со него.
„Три четвртини од луѓето од тој кластер се тестирани, тоа се 4-5 семејства, но и други со кои се среќавал, рече Филипче.
Министерот рече дека нема информација дали некој друг од овој кластер е хоспитализиран.




