Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците ги изгласаа измените во Законот за Собранието

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 27, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието попладнево во рамки на продолжението на 59-та седница го донесе Предлог-законот за изменување на Законот за Собранието на Република Северна Македонија, по скратена постапка, во второ и трето читање. Законот беше поднесен од Талат Џафери, Јован Митрески, Арбер Адеми, Горан Мисовски, Никола Мицевски и Панчо Минов.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери информира дека овој закон се носи со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во земјава. Со подигнување зелен картон или „за“ гласаа 78 пратеници, еден пратеник гласаше „воздржано“, а ниту еден не беше „против“. Вкупно 25 пратениции кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во земјава гласаа „за“, немаше воздржани и немаше ниту еден „против“.

Со предложените решенија во Законот треба да се постигне делумна административна самостојност на Службата на Собранието што ќе се изрази преку воспоставување на интерни постапки за донесување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, Годишниот план за вработување на кој согласност ќе дава буџетскиот совет на Собранието и поединечните финасиски согласности за нови вработувања за кои согласност ќе дава претседателот на Собранието.

Џафери информира дека пратениците Арбер Адеми, Јован Митрески, Арта Билали – Зендели и Лидија Тасевска го повлекле Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка, со што констаираше дека е исцрпен дневниот ред и дека 59-та седница е завршена.

пратеници Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.