Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците ја изгласаа потребата од носење на законите поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10

0
By Ана Василевска on April 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Собрание
Собрание
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците во рамки на денешната 112. седница со 58 гласа „за“, тројца „против“ и нути еден воздржан ја изгласаа потребата од носење на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка – предложен од пратениците Арбана Пашоли, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Арта Биљали-Зендели, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Вјолца Адеми, Љатифе Шиковска, Марија Георгиевска, Мерита Колчи Коџаџику, Рина Ајдари, Фиснике Бектеши Шаќири и Халил Снопче. Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги задолжи собраниските Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правно комисија да расправа по овој предлог-закон.

Координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција и еден од предлагачите, Арбер Адеми истакна дека Предлогот на законот е овозможување на ефикасно работење за државните патишта како градба која што е предвидена со Законот за јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

„Начелата врз кои се заснова законот е економичност и ефикасност на постапката. Основните решенија се во насока на прецизирање на начин на проектирање, ревизија, изградба на надзорот и ставање во употреба на предметните градби. Имајќи во предвид дека не станува збор за сложен закон, во согласност со членот 70 од Деловникот на Собранието предлагаме овој предлог на закон да се донесе по скратена постапка“, рече Адеми.

Во процедурално обраќање координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека нивната пратеничка група повикува и апелира овие закони да се повлечат, да се организира јавна расправа на која што сите засегнати страни пред се експертската јавност ќе даде свое мислење и аргументи и врз основа на тоа Владата ќе направи заклучоци според кои ќе делува во иднина. Ги повика пратениците од власта да не гласаат за потребата од овој дневен ред.

„Дел од забелешките кои ВМРО-ДПМНЕ како пратеничка група ги имаме за Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, со овој договор ќе има огромни финансиски импликации на Буџетот. Со членот 5 од Законот и од одредбите од договорот со кои се предвидуваат пенали заради доцнење на поединечните обврски кои ги има државата, нема да може објективно да се исполнат бидејќи државата на старт ќе доцни со секој од овој проект и ќе предизвикаат енормно зголемување на чинење на целиот проект. Законот за експропријација – државата, односно Управата за имотно-правни односи ниту има кадровски потенцијал, ниту има време со оглед на роковите во Договорот за експропријација на земјиштето, особено со оглед на тоа што се  уште постои урбанистички план согласно кој ќе се утврдат границите на земјиштето кој ќе треба да се експроприра. Нема да се знае кое земјиште е трајно и кое времено ќе се експроприра. Законот за измена на Законот за урбанистичко планирање предвидувца и разработува постапка за нешто ексклузивно урбанистички проект, неурбанистички план. Со предлог-законите за Законот за културно наследство, Законот за минерални суровини и со Законот за шумите повторно се врши груба повреда на амандманот од Уставот, односно повторно се дава неконтролирано ексклузивно право на изведувачот без да се мисли на последиците кои можат да ги предизвика. Дополнително, изведувачот се ослободува од ДДВ со Законот за јавен интерес и стратешки партнер, и кое ослободување ќе влијае на финансиската конструкција на проектот“, рече Мицевски.

Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ процедурално истакна дека ова што се прави во Собранието е со единствена цел да се наштети на угледот на најголемиот инфраструктурен проект во последните 70 години во државата.

„Но, тоа што е одлука на опозицијата е одлука на опозицијата. Ниту бегаме од дебата, ниту сакаме нешто набрзина да биде донесено. Само ги гледаме проблемите кои што се случуваа на терен, имајќи ги во предвид претходните инфраструктурни објекти кои што се градат низ државата“, рече Митрески.

Пратеничката на ДОМ, Маја Морачанин потенцира дека нема дилема оти овие инфраструктурни проекти се потребни, во интерес на граѓаните и државата, но, таа побара овие закони да бидат повлечени од дневниот ред.

„Овие закони кои што се поднесени во скратена постапка и кои што навистина зафаќаат многу различни области од законската регулатива и од практичното функционирање во државата, и даваат големи привилегии за оние кои што ќе го изведуваат овој проект. Најмалку што можеме да направиме е овие закони и денеска да не се усвојува овој дневен ред и законите ако веќе има потреба да се пуштат   во нормална процедура“, рече Морачанин.

коридор 8 и 10 Маја Морачанин Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.