Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците не сакаат партизиран Уставен суд, а цел ден се обвинуваат дека предложиле партиски послушници

0
By Соња Крамарска on June 3, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 3, 2022 15:44

Уставниот суд со години наназад е под силно партиско – политичко влијание и тоа ќе продолжи бидејќи поставеноста или начинот на избор на судии не дава гаранции дека тие ќе бидат судии со силен личен кредибилитет и дека ќе ја ценат уставноста и законитоста, смета пратеникот Павле Трајанов, кој денеска на Комисијата за избори и именувања на која тече расправата за избор на тројца од предложени девет судии ја истакна потребата за реформи на судскиот систем, а пред се на Уставниот суд и неговата улога и поставеност.

-Начинот на кој што се води целокупната постапка е за дискредитација на предложените кандидати за уставни судии, а не за нивна афирмација, рече Трајанов кој се осврна на проблемот на партизацијата на Уставниот суд која според него не е карактеристична само за актуелниот состав.

Ваквите забелешки на пратеникот Трајанов следеа откако пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ разменија ставови за кандидатите професорката Родна Живковска, предложена од опозициската партија и за Љубомир Јовески, предлог на власта, со обвинувања дека и двајцата кандидати се исполитизирани, првата наводно поради партиска донација, а актуелниот обвинител поради селективен пристап во борбата против корупцијата и криминалот. Пратениците во своите дискусии зборуваа и за нискиот процент на доверба на судството кај граѓаните.

Опозицијата обвини дека со судии како актуелната претседателка на Уставниот суд Кацарска и предложениот Јовески ниту ќе се подобри сликата за партизираното судство, ниту ќе се врати довербата, а пратеници на владејачкото мнозинство такви сомнежи искажаа спрема предлогот професорката Живковска да седне во едно од трите столчиња во Уставниот суд.           

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски  и постави прашање на претседателката на Комисијата Марија Георгиевска во врска со информација дека минатата година пристигнала апликација за кандидатура од судијката Антоанета Димовска за член на Уставен суд, и праша зошто оваа апликација била скриена од пратениците. Георгиевска рече дека нема таква информација и најави дека откако ќе ги провери наводите во собраниските служби, дополнително ќе ги информира пратениците. 

 Уставниот суд додека не се изберат тројца судии работи во нецелосен состав, откако им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

С.М.

избор на уставни судии Павле Трајанов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.