НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците расправаа за предлог-законите за систем за проценка на лица со попреченост и за регистар на задолжително социјално осигурување

0
By Marta Pesevska on September 20, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Собрание
Собрание
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во попладневниот дел од 125-тата седница Собранието ја исцрпи расправата за предлог-законите за системот за проценка на лица со попреченост, за регистар на задолжително социјално осигурување и за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување – сите по скратена постапка, за кои ќе се гласа дополнително.

Со Предлог-законот за систем за проценка на лица со попреченост е предвидено да се формира централно координативно тело при Министерството за труд и социјална политика, за стручно утврдување на попреченоста што е клучен услов за лицата со попречености да може да остваруваат права од областа на здравството, социјалната заштита и образованието.

Проценката сега вклучува повеќе институции што доведува до паралелизам и удвојување на проценките за исто лице, како и до преголема бирократизираност во постапките за утврдување на попреченоста и за остварување на правата и обезбедување на услугите за овие лица. Новиот систем, кој предвидува вршење проценка по унифицирана методологија и од кој се очекуваат големи заштеди и елиминирање на злоупотреби и корупција, ќе се применува 18 месеци по донесувањето на законот и преку СИАП-проектот финансиран од Светска банка.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин на седницата рече дека се прави обид првпат овие прашања да се уредат на системски начин, со што ќе се овозможи едноставност, ефикасност и економичност.

-Едно лице нема да оди по разни комисии туку извештајот од една ќе може да го користи за остварување на своите права. Ќе биде во интерес на корисниците зашто нема да шетаат од комисија до комисија, рече Хусејин.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа предлогот да се повлече и да се изработи нов по длабоки анализи, со реални дебати и консултации, „а не преку ноќ“.

Според опозициските пратеници, предлогот е само 1 отсто во корист на лицата со попреченост, а 99 отсто „за да се трошат парите од Светска банка“ и за да се даваат лиценци.

Ангелинка Петкова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе гласаат против зашто, како што истакна, „крајно е несериозно сосема нов закон за ваква проблематика да се носи по скратена постапка и со европско знаменце, без јавна или надзорна расправа и без да се консултираат најзасегнатите – здруженијата за правата на лицата со попречености“.

-Со ова брзање, само еден мал дел од законот се однесува на лица на попреченост, а се друго е заради давање лиценци и вработување т.е. згрижување нов партиски кадар. Предлогот има само вербални најави, без конкретни решенија за подобрување на квалитетот на животот на овие лица, рече Петкова.

Со Предлог-законот за регистар на задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, кој исто така ќе се применува со проект на Светска банка и 24 месеци по неговото донесување, е предвидено во состав на МТСП да се формира Управа за водење на регистарот на задолжително социјално осигурување што ќе биде унифициран регистарски систем во кој на едно место ќе се собираат и чуваат сите податоци кои се однесуваат на задолжителното социјално осигурување.

Како што појасни заменик-министерот Хусејин, ќе се  елиминираат слабостите на сегашниот систем за регистрација и евиденција кој е неконзистентен и неефикасен бидејќи се дуплираат податоци од различни институции со слични надлежности, како што се ПИОМ, ФЗОМ и Агенцијата за вработување. Тоа доведува до празнини во уплатите на придонесите од задолжително социјално осигурување, а со тоа и до нанесување штета на осигурените лица во однос на остварување на нивните права.

Исцрпена е и расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка. Пратеникот од СДСМ Ненад Коциќ образложи дека со предложените измени и дополнувања кои, како што рече, следуваат по долгогодишни  барања на матичните лекари, прецизно се дефинира кој може да биде лекар одреден за замена. Со предложените измени се дефинираат неговите одговорности во случај на престанок на работниот однос на избраниот лекар со цел обезбедување непречена нега на пациентите во такви случаи.

Дополнително треба да се гласа и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта и за Прeдлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.

Двата предлога се по скратена постапка и ги образложи пратеничката од НСДП Соња Мираковска. Во предлогот за лични карти се менуваат девет члена. Меѓу новините е тоа што се регулира можноста бездомник да поднесе првпат барање за лична карта во придружба на службено лице од центрите за социјална работа и тоа што лицата над 65 години ќе немаат обврска за вадење нова лична карта туку можност да добијат трајна.

Во предложените измени на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, пак, покрај сопственост и закуп се воведуваат и други инструменти со кои може да се пријави живеалиште што ќе биде значајно, рече Мираковска, за најранливите категории. Меѓу новите инструменти ќе бидат договор за доживотна издршка, доказ за живеење во нелегално изграден објект…, а  бездомник ќе може да пријави живеалиште на адреса на центар за социјални работи или да биде пријавен на адреса на граѓанин што тоа ќе го дозволи.

За Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Републиката, поднесено од пратеникот Димитар Апасиев, беше предложен заклучок да не се усвои како неоправдан од причини наведени од седницата на Законодавно-правната комисија.

За сите предлози за кои се расправаше во попладневниот дел од 125-тата седница ќе се гласа дополнително. 

расправа Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.