Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците со кавга го донесоа Eтичкиот кодекс за нивната работа

0
By Соња Петрушевска on June 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 11, 2018 13:38

Со прозивки кој каква домашна култура има, со навреди на лична основа и со коментари  „лажете“, и „ненормални“, во Собранието беше донесен Кодексот за етичкото однесување на пратениците.

Ова е прв ваков Кодекс , кој ќе треба да го потпишат сите пратеници и да се обврзат дека во своите говори нема да користат термини со кои ќе поттикнуваат омраза и насилство и ќе го почитуваат пратеникот од друга партиска опција.

По донесувањето на Кодексот, претседателот на Собранието Талат Џафери кажа дека очекува „повеќе  во Собранието  да нема дискусии како денешната дебата за етичките правила на пратениците“.

Кавгата започна по говорот на пратеникот  Томислав Тунтев од СДСМ кој зборуваше дека изминатата година во Собранието се одржале 46 јавни расправи , а во времето на ВМРО ДПМНЕ имало само 3. Тој негираше дека се носат закони по скратена постапка и дека Собранието е гласачка машина.

„Ова е голем чекор напред кон она што веќе подолго време го заговараме дека не можеме да  очекуваме никој да ја почитува институцијата пратеник или Собрание доколку со своето однесување токму пратениците не покажат дека се достојни за почит и не покажеме дека ги знаеме, владееме и умееме да  ги користиме основните универзални вредности од аспект на морал, етика,  професионалност, стручност, колегијалност, рече Тунтев.

На ова реплицираше Драган Данев од ВМРО ДПМНЕ кој кажа дека „е многу поважно колку забелешки од оние кои биле изнесени на јавните расправи биле прифатени“. Според Данев однесувањето на пратениците, на крај се сведува на културата која ја има самиот пратеник и тоа не може да се регулиира со Етички кодекс. Тој праша и зошто немало јавна расправа за Законот за јазици.

Реплика имаше и Ане Лашкоска од ВМРО ДПМНЕ  која го обвини Тунтев дека рекол „што правам јас со ненормалните“, мислејќи на своите колеги од Собранието, но  Тунтев одговори дека пратеничката „лаже“.

„Со овој Кодекс треба да се спречат говорите на омраза со кој ширевте страв, поради што потоа се случија работи во Собранието кои не смееја да се случат. Бадијала верував дека со овој Кодекс ќе се промени однесувањето на пратениците од ВМРО ДПМНЕ“ рече Тунтев.

Според Етичкиот кодекс  пратеникот во вршењето на својата функција треба да се придржува на основните етичките начела, стандардите и правилата на професионално однесување, како што се: објективност, јавност и одговорност, взаемно почитување, почитување на угледот на Собранието, како и почитување на интегритетот на други лица.

Пратеникот функцијата ја извршува без предрасуди и дискриминација во однос на полот, расата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба, почитувајќи ги слободите и правата на човекот и граѓанинот.

Пратеникот во своите постапки и делувања се води од јавниот интерес при што, не смее да ја користи својата функција за стекнување на лична корист или корист на блиски лица, ниту да прифаќа услуги, подароци или донации кои би влијаеле на неговите активности и одлучувања во работата во Собранието. Пратеникот својата функција ја извршува совесно и одговорно и за време на извршувањето на функцијата е отворен кон медиумите за сите прашања, освен ако прашањата од надлежност на Собранието се со доверлив карактер или информации поврзани со неговиот приватен живот или приватниот живот на други лица.

Во извршувањето на пратеничката функција, пратеникот го почитува  личниот интегритет на другите и секогаш да води сметка да не го повреди угледот на другите пратеници и угледот на Собранието. Претникот  не смее да ги прекинува говорниците, да дофрлува од место или на било кој друг начин да го нарушува текот на седницата и да користи навреди, фрази, изрази или гестикулации со кои можат да се навредат или омаловажат другите пратеници или носители на јавни функции.

Пратеникот се воздржува од  говори со кои може да предизвика омраза, нетрпеливост и насилство на лична, идеолошка, верска, национална, полова или расна основа.Исто така, во Собранието строго се забранува употреба на сила и насилничко однесување од страна на пратеникот. Пратеникот не смее да учествува во настани со кои се загрозуваат безбедноста на Собранието.

Со етичкиот Кодекс на пратениците им се забранува да користат мобилен телефон и лаптоп на начин со кој го нарушува текот на седницата и да ги почитува правилата на пристојно облекување. За повреди на Кодексот ќе одлучува Комисијата за мандатно имунитетни прашања која има право да изрекува опомена кога се работи за лесна повреда или јавна опомена за тешка опомена.

Претседателот на Собранието Џафери и во продолжението на денешната собраниска седница на која се разгледуваше Извештајот на ЕК, неколкупати ги потсети пратениците на одредбите од Етичкиот кодекс и цитираше делови од него кога тие дофрлуваа од место додека говореше друг пратеник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.