Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците со консензус овозможија влез на вакцините за Ковид-19 во земјата

0
By Нова ТВ on February 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 70 гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија денеска го донесе Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјата. Законот беше поддржан и од опозоциските пратеници, кои и покрај тоа изнесоа низа критики за доцнењето на вакцините во земјата.

Во Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапкасе прецизира дека за ставање на вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето може да го поднесе и производител на лекови со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија, правен застапник на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија, подружница на странски производител со регистрирано седиште надвор од земјава и трговско претставништво на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија.

Опозициските пратеници истакнаа дека според нив многу е несериозно тоа што го направила Владата бидејќи прво што требало да се направи е дека таа требала да ги поднесе овие измени многу порано со што ќе се овозможеше влез на овие вакцини во зејата, а не тоа да го направи група на пратеници. Граѓаните од регионот веќе се вакцинираат, почнувајќи од Србија која е на второ место во Европа со 430.000 вакцинирани, нагласија тие. Опозициските пратеници за оваа состојба ги обвинуваат министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, кои вакцините го најавиле за многу претходно, а кај нас ги нема.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски обвини за доцнењето на вакцините и дека власта после четири години за одредени состојби не треба да ја обвинуваат опозицијата.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев за доцнењето на вакцините потенцирајќи дека нивните најави за вакцини од соседните земји се покажале како невистините и дека нивните постапки им штетат на граѓаните и на стопанството. –Не може министер за здравство да не знае како се увезуваат вакцини, освен ако провизиите не му се побитни, рече Милошоски.

Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ потенцира дека Србија почнала порано со вакцинација за Ковид-19 бидејќи кај нив е седиштето на Фајзер за регионот, како и дека во времето од 2012 година до 2016 година од земјава биле повелечени претствништва на неколку фармацевтски компании поради нелојална конкуреција. Коциќ потенцираше дека опозоцијата не ја познава работата на Комисијата за заразни болести, а потсети и дека опозицијата не присуствувала на седницата кога се расправало за овој предлог.

Арбен Зибери од ДУИ повика да не се прави политика од овој закон и вакцината и што поскоро да се донесе законот. Ковид кризата не е само проблем на нашата земја туку е светски проблем. Потенцира дека во Северна Македонија компанијата за која се зборува нема свој претставник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.