Атина: Под слоганот „Правда” стотици граѓани се одзваа на повикот на Здружението на роднините и семејствата на загинатите во железничката несреќа кај Темпи и се собраа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина за уште еднаш да го повторат нивното барање за правда за жртвите од 28 февруари 2023 година.
Протестот во Атина е организиран во исто време со говорот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на отворањето на Меѓународниот саем во Солун.
„Немам кислород, не е само број, туку 57 загинати. Правда за нив”, “Корупцијата убива”, “Не забораваме, не простуваме”, се само дел од пораките на протестот.
На насобраните ќе им се обратат роднини на загинатите.
Во директен судир на патнички и товарен воз пред две две и пол години кај месноста Темпи, животот го загубија 57 лица.