НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правдата на чекање, Уставен суд пред „локдаун“, Русковска гони организиран криминал со пет обвинители

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основните и вишите јавни обвинителства веќе подолго време се соочуваат со сериозен кадровски дефицит – недостигаат дури 60 обвинители. Речиси и да нема обвинителство во Македонија кое работи според систематизацијата што ја пропишал законодавецот, а која бара да бидат вработени барем 258 обвинители.

Од друга страна, пак, политичарите ветуваат одлучна борба против криминалот и корупцијата, а се оглушуваат на фактите, иако македонските обвинителства веќе подолг период предупредуваат дека немаат ниту кадар, а нема ни доволно пари за сите обврски што ги добија, откако во Законот за кривична постапка, надлежностите за водење на истрагата од истражните судии преминаа кај јавните обвинители. Овој проблем ќе се одрази и на редовното одржување на судските рочишта, предупредува правната фела, со оглед на тоа што на петмина обвинители им истече мандатот, а изборот на нови се уште нема епилог.

РУСКОВСКА СО ПЕТМИНА ОБВИНИТЕЛИ ГОНИ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

Недостигот од кадар е забележан и во годишниот извештај на Јавното обвинителство според кое освен обвинители, ни фалат и стручни соработници, референти, истражители… Според анализата на Обвинителството,предвидени се 1.180 места за стручен кадар, а реализирани  345.

Советот на јавни обвинители предвидел дека на државата `и се потребни 258 јавни обвинители, а избрани се само 194 до пред две години. За да може нормално да функционираат обвинителствата потребни се вкупно 287 јавни обвинители. Овој проблем на почетокот на месецов беше дел од расправата  на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу задниците.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во пресрет на изборот на обвинители веќе алармираше дека работи со пет обвинители кои имаат мандат, а седницата за избор на нови сѐ уште не е закажана.

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски во изјава за Нова ТВ, вели дека седницата за избор на обвинители ќе се одржи наредната недела кога ќе заврши и конечното оценувањето на обвинителите и откако ќе бидат разгледани сите приговори. Тој ни објасни дека откако биле оценети кандидатите, неколкумина поднеле приговори и токму поради тоа ќе почекаат најдоцна до петок, оваа недела во случај да стасаат приговори по пошта и потоа во текот на следната недела Советот ќе се одржи седницата.

Поради овој проблем на судските рочишта од почетокот на месецов на обвинителите со истечен мандат им се придружува и друг обвинител, но неизвесно е дали тоа ќе се случи и на утрешното судење на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кој неодамна седна на обвинителна клупа, но судењето не почна – рочиштето минатиот месец беше одложено. Рашковски е обвинет поради незаконска набавка на софтвер за МВР и перење пари. Тој ја обвини обвинителката Ивана Трајчева дека му импутирала смс пораки кои ги прикажува како докази и дека во текот на судскиот процес  ќе докаже дека станува збор за апсурдни податоци и дека обвинителката сама ги куцала пораките затоа што открил дека во една секунда, како што изјави Рашковски, биле искуцани дури 43 смс пораки.

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска која е дел од одбраната во предметот против Рашковски за Нова ТВ вели дека судењето утре ќе се одложи, а тоа ни го потврди и адвокатот Владимир Туфегџиќ кој вели дека добиле официјално известување од судот дека ќе се одложи утрешната главна расправа.

Обвинението против Рашковски го застапува обвинителката Ивана Трајчева која е меѓу петмината обвинители со истечен мандат, но и обвинителката која е определена да го води предметот до изборот во Советот, како што дознаваме била надвор од државата.

Според Обвинителството Рашковски и уште шест лица сториле злоупотреба на службената положба и овластување и переле пари при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и јавни набавки на камери и опрема за препознавање на регистарски таблички.

Обвинителството смета дека Рашковски во периодот од јуни 2017 година до февруари 2021 година, со умисла, помогнат од двајца надворешни соработници, ги извршил кривичните дела.

 

И УСТАВЕН СУД ПРЕД „ЛОКДАУН“

Освен со недостиг од обвинители и стручен кадар во обвинителствата, државата се соочува и со недостиг на уставни судии за кој повеќе од еден месец предупредува прететседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска. Таа дури и беше принудена преку писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери да бара во најскоро време да се изберат нови четворица уставни судии, а вчера предупреди дека може да дојде и до блакода на судот, откако и на судијката Вангелина Маркудова ќе и истече мандатот до крајот на годинава.

Според собранискиот претседател Талат Џафери поради опструирање на работата на Комисијата за избори и именувања од страна на опозицијата, законодавниот дом не може да избере нови уставни судии.

Како што објавивме претходно, собраниската Комисија остана без претседател, откако нејзиниот прв човек Коста Костадинов, стана градоначалник на Струмица. Оваа комисија не само што предолго нема претседеател, туку е соочена и со предизвици кои се наметнаа кога стана јасно дека политичката партија Беса ќе делува како опозициска партија, откако Алтернатива на Африм Гаши влезе во власта. Тоа предизвика поместување на соодносот на политичките сили во собраниската комисија за избори и именувања, па очекувањата се, како што претходно објави Нова ТВ дека гласот на пратеникот Фадил Зендели од Беса ќе натежне на политичката вага во корист на опозицијата.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ ваквите тези се само конструкција на пратениците од владејачкото мнозинство затоа што народните избраници самостојно одлучуваат за кого ќе кренат два прста при именувањата и изборите, настрана што гласањето во Комисијата ќе зависи пред се од квалитетот на кадровските предлози што ќе дојдат пред пратениците.

Фадил Зендели, пратеник од Беса, за Нова ТВ коментираше дека не станува збор за никакви опструкции и дека собранискиот претседател Талат Џафери треба да `и одговори на јавноста зошто досега, откако Костадинов, замина на нова политичка функција, нема свикано седница на која би се избрало претседател, како што впрочем пропишува и Деловникот.

Кацарска предупреди дека Уставниот суд отежнато функционира во последниот период со само петмина судии, иако Уставот предвидува полниот состав на Судот да биде со девет судии. Ваквата состојба, како што наведе Кацарска, има влијание при одлучувањето и често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во моментот за 16 предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство.

Уставниот судот сега  работи само со петмина судии, откако во јули минатата година им истекоа деветгодишните мандати на уставните судии Елена Гошева, Никола Ивановски и Сали Мурати, а на 14 јануари годинава и на Јован Јосифовски.

Кадровскиот недостиг во Уставниот суд,  повлекува одложување на расправите. Засега има застој во одлучувањето за  11 предмети меѓу кои и за законите за Јавното обвинителство, за високото образование и за додатоците на пратениците, како и за Деловникот за работата на Владата.

Стојанка Митреска

Избор недостиг Обвинителството за гонење на организиран криминал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.