Со почетокот на летната сезона, повторно се актуелизираат правилата за внес на храна и други производи при влез во Грција. Според важечките прописи, строго е забрането носење месо, млеко и производи што ги содржат. Дозволени се фабрички пакувани намирници без месо и млеко – до 10 кг по патник.
Грција дозволува внес на 4 литри вино, 16 литри пиво и до 1 литар жесток алкохол. За цигари, ограничувањето е само 40 парчиња по лице.
Готовина над 10.000 евра мора да се пријави, а скапи уреди можат да предизвикаат проблеми при излез ако не се пријавени.
Цените во грчките маркети се слични на македонските, некои намирници се дури и поевтини, особено во синџирот маркети „Lidl“.