Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правна неизвесност, Коцевски – Мицкоски 6:3 – прво полувреме!

0
By Marija Todorovska on April 2, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не би рекол дека одлуката на владата да не го разреши е поради меѓународниот притисок, затоа што негативното мислење кај меѓународните партнери за мешање во судството постои одамна. Сепак, кочанската трагедија е таа која е пресудна. Мислам дека владата сфати дека би било контрапродуктивно во овој момент да се менува Јавниот обвинител, кога цела држава очекува брзина и ефикасност.

Дестан Јонузи

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во меѓувреме, процедурата на Владата за разрешување на јавниот обвинител нашироко се смета за тенденција за влијание и партизирање на правдата во земјата.

Јани Макрадули поранешен пратеник и висок функционер во СДСМ смета дека не само меѓународните пријатели, туку и севкупната експертска јавност, не ги оправда во ниту еден момент, обидите за упад и во Судскиот совет и во Јавното обвинителство.

Јани Макрадули

– Невешто се покажа прикривањето зад некаква самоиницијативност на пратениците, за интерпелација на дел од Судскиот совет, а во јавноста остана да виси прашањето, каде се изгубија негативните квалификации на Премиерот за Јавниот обвинител. Сосема ми е логично дека додека трае истрагата, треба да остане истиот обвинителски тим, и дека истиот треба да биде ослободен од партиски притисоци. При сѐ уште незавршена истрага, добро е да се тргне влијанието од процесот кој го води обвинителството под палката на г-динот Коцевски. Изјавите на Премиерот со многу контрадикторности, само може да ја докомплицираат целата ситуација, изјави Макрадули за Фронтлајн.

Дополнително, додава тој, и одлуката на Советот на јавни обвинители, да даде негативно мислење по предлогот на Владата, со гласање 6:3, зборува за поделеноста и во оваа општествена сфера.

– Токму оние кои се најповикани за следење на словото на Законот, различно го толкуваат, со што поделеноста по сите општествени шавови продолжува. На крајот, со ваквото гласање или различно толкување, кај граѓаните создаваат само една голема правна неизвесност. Верувам, конечно Владата наместо да се бламира со меѓувладини отровни стрели, конечно ќе поработи на пакетот закони од оваа сфера, а согласно планот за раст и развој, истакна нашиот соговорник.

Димитар Николовски

Димитар Николовски извршен директор на ЕВРОТИНК смета дека владата сфати дека би било контрапродуктивно во овој момент да се менува Јавниот обвинител.

– Не би рекол дека одлуката на владата да не го разреши е поради меѓународниот притисок, затоа што негативното мислење кај меѓународните партнери за мешање во судството постои одамна. Сепак, кочанската трагедија е таа која е пресудна. Мислам дека владата сфати дека би било контрапродуктивно во овој момент да се менува Јавниот обвинител, кога цела држава очекува брзина и ефикасност, изјави Николовски за Фронтлајн.

Ќенан Алиу

Правникот Ќенан Алиу вели дека Владата не се повлекла од намерата да го разреши јавениот обвинител, туку дека поради кочанската трагедија направила привремено повлекување.

– Владата веќе ја почна процедурата за разрешување на јавниот обвинител. Ова не го гледам како повлекување, но беше трагедијата во Кочани со толку многу жртви што обвинителството мораше да работи со полн капацитет за да го истражи настанот. Инаку, од осамостојувањето на државата, секое парламентарно мнозинство го менуваше јавниот обвинител, иако често со или без причина. Моментално парламентарното мнозинство можеби има некаква причина, но како практика тоа не е добра. Знаеме кога започна оваа практика, но не знаеме кога ќе престане. Само целосната независност на поделбата на власта може да го спречи ова, изјави Алиу за Фронтлајн.

Премиерот Христијан Мицкоски најави запирање на постапката за разрешување на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, со оглед на обемната истрага којашто се води во моментот по трагедијата во Кочани во којашто загинаа 59 млади луѓе.

– Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа. Цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот во Кочани, треба да работат и да сработат и да им дадеме шанса за тоа. Јас кога кажав дека сме задоволни – можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство…, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За прифаќање на предлогот гласаа тројца, додека шест члена гласа против.

Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, рече дека со оглед дека Советот одлуките ги носи со мнозинство, мнозинството дадоа негативно мислење. За прифаќање на предлогот на Владата за разрешување на Коцевски гласаа Кети Петкова, Ардиан Демири и Марјана Илиевска.

Седницата за разгледување на предлогот претходно на два пати беше одложена. Првично беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а минатата недела, на 26 март беше одложена поради немање на кворум. Согласно законските рокови за разгледување на предлогот за разрешување на Коцевски, Советот треба да го разгледа најдоцна до крајот на неделава, иако Владата објави дека ќе ја прекине постапката.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.

Министерството за правда образложи дека се бара смена на Коцевски поради „низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство“.

Тој во меѓувреме порача дека не дава оставка и ќе се повлече само ако се утврди тешка дисциплинска повреда при неговото работење.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Влада Јавен обвинител Коцевски Кочани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.