Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правни празнини

0
By Нова ТВ on July 17, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 17, 2017 09:44

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Практиката што ја воспостави ВМРО-ДПМНЕ за време на конститутивната седница на Собранието, која за првпат во историјата траеше повеќе од 50 дена, стана препознатлива преку терминот “зборување сам со себе во парламентот”. Претставниците на оваа партија се јавуваа за збор, а во отсуство на било каков одговор од претставниците на другите партии и коалиции, тие сами се јавуваа за реплики и за контра-реплики и за процедурални.

Вака ВМРО-ДПМНЕ го блокираше мирниот процес на трансфер на власта, а и самата работа на парламентот. Сево ова заврши со крвавите настани од 27 април. Сево ова продолжува со нови облици на блокирање на редовните седници на Собранието.

За првпат во историјата, претставниците од една пред/изборна коалиција не формираа една туку 10 парламентарни групи кои дискутираат, реплицираат и контра-реплицираат меѓу себе. Вака продолжува намерното губење време и срамното саботирање на работата на највисокиот законодавен дом во државата. Освен ова, се злоупотребува и правото на барање пауза, како и други права.

Сево ова се прави за многу проста причина. Точка на дневен ред е разрешувањето на Марко Зврлевски, Јавниот обвинител на РМ, лицето кое одби да покрене постапка за еклатантни примери на кршење на правото во минатиот период. Одби ефективно да го истражува криминалот објавен во неовластено прислушуваните разговори. Одби да покрене истрага за злоупотребата на службена положба и овластување на највисоките државни претставници кои отворено повикуваа на попречување на  трансферот на власта после декемвриските парламентарни избори. Одби да покрене истрага за партиски лидер кој отворено повикуваше на попречување на демократскиот трансфер на власта. Одби да покрене обвиненија за тероризам и велепредавство како и за други кривични дела кои се случија на 27 Април 2017.

Со еден збор, тој одби да ја изврши својата работа како Јавен обвинител на РМ, положба која подразбира дека тој требаше да биде главниот мотор во гонењето на криминалот во оваа земја.

Сега 10 новоформирани парламентарни групи имаат намера да го саботираат разрешувањето на оваа личност, кое е неизбежно, но кое како што гледаме трае и трае, како што ќе потрае и спроведувањето на сите други реформи кои чекаат на ред. Тешко се прават реформи во држава која уште функционира со заробени институции.

Од 500 директорски места сегашната власт успеала да смени десетина директори на јавните претпријатија и другите институции. Минатата власт се погрижила тоа да не биде изведено лесно, ги направила потребните законски измени кои го отежнуваат менувањето на управните одбори кои потоа ги избираат директорите. Многу е тешко преку законски постапки и преку доследно почитување на правото да се стави крај на најтешките облици на злоупотреба на правото. Многу е тешко правото да надвладее над неправдата што со години била бетонирана преку законите на државата.

Едноставно кажано, законите биле силувани, со години, безмилосно, од сите страни. На ист начин како што се силува и се навредува интелигенцијата на граѓанинот кој ги следи седниците на Собранието на РМ. На ист начин на кој што се силува моментално Деловникот на Собранието на РМ кој не спречува изречно да се формираат 10 парламентарни групи од по 5 пратеници. Предвидува само дека за да се формира една парламентарна група треба да има 5 пратеници во таа група.

Законите се пишуваат врз основа на разумот, а во една сериозна држава, поведението на претставниците на граѓаните треба да биде одговорно. Законите не се пишуваат за лица кои со своето поведение личат на разгалени деца кој бараат илјада причини за да не ги исполнат своите домашни задачи. Така, ако сакаме закони кои ќе ги регулираат сите можни детали и ќе ги пропишат сите можни забрани, тогаш треба да знаеме од почеток дека тоа е невозможно. Таквите закони би имале илјадници страни со милиони членови, а сепак и тие би имале правни празнини кои “разгалените деца” би ги злоупотребувале за да ги избегнат своите должности.

Тешко е воспитувањето на мрзливи и разгалени деца, многу тешко и фрустрирачко. Бара многу трпение, посветување и упорност. Уште потешко е менаџирањето на злонамерни полнолетници кои го злоупотребуваат законот за да ги постигнат своите криминални цели. Затоа што е тешко да се увери злосторникот дека згрешил и дека треба да оди во затвор, заедно со сите други кои му помогнале во злосторот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.