Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Право на бегство

0
By Нова ТВ on July 29, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 29, 2017 17:38

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Веќе подолго време се сака упорно да се наметне дилемата околу тоа што значи Договорот за добрососедство за македонскиот национален идентитет, како да е тој национален идентитет паричка која може да се изгуби или пронајде преку потпишување на некој договор.

Меѓутоа, мислам дека треба малку повеќе да бидеме загрижени за тоа кој идентитет и интегритет и го наметнува судството на оваа земја, по што ќе бидеме познати во светот, по кои судски одлуки и преседани, по кои судски практики?

Тоа е вистинското прашање, драги граѓани, кое треба сите да не загрижува, без разлика кои сме, какви сме и која политичка опција ни се допаѓа повеќе. Треба да сме длабоко загрижени бидејќи живееме во земја во која Врховниот суд наметна практика на овозможување на бегство на обвинетите, наместо да ги спроведе законските норми кои имаат за цел токму обезбедување на нивното присуство во кривичната постапка преку институцијата која со векови се употребува токму заради оваа цел, а тоа е притворот.

Кое ќе биде нашето образложение како граѓани, пред светот, а и пред нашите деца, како ќе можеме да објасниме дека нашите судови, наместо да овозможат спроведување на правдата преку судење на обвинетите за криминал, всушност им гарантираат право на бегство на обвинетите? Во секоја нормална демократска земја, обвинетите имаат право на молчење, право на одбрана, право на жалба право да бидат третирани на човечки и достоинствен начин и многу други права. Но во Македонија, обвинетите од неодамна имаат едно суштинско право кое не постои во ниту една земја која функционира како правна држава и каде има елементарно владеење на правото, а тоа е правото на бегство.

Не велам дека порано обвинетите не бегале од постапките кои се водат спрема нив. Тоа исто така е вековна реалност токму заради која постои институцијата притвор, како најстрога мерка за обезбедување на присуството на осомниченото или обвинетото лице во кривичната постапка. Но кога Врховниот суд на една земја наметнува практика на ослободување од притвор на лица кои се во бегство, тогаш навистина имаме голем проблем. Мора да разбереме дека со наметнувањето на таа пракса Врховниот суд ни наметна на сите нас и на самата државата идентитет на земја која толерира и подржува криминал преку гарантирање на право на бегство на обвинетите.

Се сеќавате на Сеад Кочан? Не беше толку одамна а сепак и тој случај влезе во групата “секое чудо три дена трае”. Епа како што сега гледаме, не трае баш три дена секое чудо, туку се наметнува како преседан во сите наредни чуда кои ќе се случат. Се сеќавате, нели, дека адвокатот на Кочан, Додевски, “креативно” го толкуваше ЗКП и бараше кога одлуката за притвор донесена од кривичниот совет ја преиначува одлуката на судијата во претходна постапка кој не одредил притвор, тогаш мерката притвор да не се спроведува додека повисокиот суд не постапи по жалбата за одредениот притвор.

Притоа, адвокатот цитираше општиот член 442 на ЗКП според кој “ако со овој закон поинаку не е определено, со поднесувањето на жалбата на решението се одлага извршувањето на решението против кое е изјавена жалбата”. Меѓутоа, во однос на притворот, ЗКП токму поинаку определил во членот 169 каде во два наврати истакнува дека  “жалбата не го задржува извршувањето на решението”. Тоа значи дека кога се работи за одредување на притвор, решението станува извршно пред да биде правосилно, со други зборови, судски одредениот притвор првин се спроведува па потоа истиот се обжалува во повисоките судски инстанции.

Јас разбирам дека адвокатите мораат да бидат креативни во толкувањето на законите, особено кога треба да бранат тешко одбранливи клиенти. Меѓутоа, проблемот е кога таквото “креативно” толкување се прифаќа од Јавниот обвинител на РМ, Зврлевски (чие разрешување уште трае и трае во Собранието на РМ) кој покрена БЗЗ за случај кој не го води неговото обвинителство, а во чија суштина беше укинувањето на притвор на лице кое во тоа време беше во бегство и се бараше со меѓународна потерница!

Јавниот обвинител на РМ кој треба сите да не заштити преку гонењето на криминалот, побара укинување на притвор на лице во бегство! А претседателот на Врховниот суд, Вангеловски, три пати го смени составот на кривичниот совет за да овозможи таквото барање да помине и притворот на лицето во бегство да се укине! Ете тоа ни се случи, ни траеше три дена чудењето, и продолживме понатаму!

А сега имаме нови решенија за притвор на лица обвинети од СЈО, спрема кои Апелациониот суд одреди притвор, преиначувајќи го решението на Кривичниот совет во основниот суд. Меѓутоа, Апелациониот суд во диспозитивот на решенијата за притвор одреди “Мерката притвор да се изврши ВЕДНАШ по правосилноста на решението”.

И сите институции фино, убаво си чекаа повисокиот суд конечно да одлучи дали се потврдува или се укинува мерката притвор за овие лица, знаејќи притоа сите дека секогаш, ама секогаш претходно, лицата веднаш биле ставени во притвор, без разлика на нивното право на жалба. Така, во далечната 2008 година, кога сегашниот Премиер Заев беше обвинет во случајот “Глобал”, истражниот судија не определи притвор, кое решение беше преиначено од Кривичниот совет и Заев и неговите соработници веднаш беа притворени, па дури на тоа решение немаа ниту право на жалба.

Новиот ЗКП е понапреден во фактот што предвидува повеќе степени на жалба против решението за притвор, што значи дека притворените лица уживаат повисока заштита на нивните човекови права, затоа што нивното право на жалба е гарантирано во повеќе степени, меѓутоа, суштината на притворот останува иста, имено, членот 169 на новиот ЗКП на ниту еден начин не обезбедува право на бегство на обвинетите лица!

Со праксата која Врховниот суд ја наметна преку случајот Кочан, се овозможи лицата кои треба да бидат во притвор, всушност во слобода да ја чекаат одлуката по нивната жалба. И фино, убаво да си го организираат своето бегство. И потоа, Врховниот суд да го потврди решението за притвор од кривичниот совет на Апелација, ама џабе, таквото решение нема кон кого да се спроведува. Па така Врховниот суд да вика, “Ете, ние го потврдивме притворот, ама што да правиме, не било к’смет истиот да се спроведе”.

И така, ем волкот сит, ем овците на број, ем решение за притвор, ем обвинетите на слобода и во бегство. Ете за ваква реалност се избори Врховниот суд на РМ преку БЗЗ-то на Зврлевски за случајот Сеад Кочан, па сега може колку сака да потврди притвори на обвинети на кои претходно им го гарантирал правото на бегство.

Така, драги граѓани, од сега натаму во светот ќе не знаат како државјани на земјата Бегалија, во која правото на бегство е основно право на обвинетите. Нека ни е со среќа новиот идентитет!

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.