Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Празникот на градот: 13 ноември 1944 Скопје ослободено – историски запис

0
By Zoran Ivanov on November 13, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 13, 2025 08:00

Битката за Ослободување на Скопје, претставувала многу сложена операција, бидејќи за да биде успешна од голема важност биле успесите на нивните бригади во битките во другите градови со крајна цел да се поврзат 50та дивизија која била во реонот на Штип со 42та дивизија која била на Сува Гора.

Ова за да можат заедно да нападнат во Скопје. 50та дивизија незначително задоцнила (еден ден) на позицијата за нивно спојување, а тоа бил реонот на Велес. Нивното доцнење се должело на силниот отпор кој го дале Германците во реонот на Штип, каде 5та бугарска дивизија воопшто не ни учествувала како било договорено и планирано, туку пасивно ги запоседнале позициите кај Злетовска Река, без да учествуваат во битките за ослободување на Штип и реонот околу градот.

Со вакви предуслови, ослободувањето на Скопје останало да се изврши со пешадија и улични борби (без употреба на артилерија) кои зависеле исклучиво од храброста и моралот на македонските војници. Во борбите за Скопје заробени биле голем број Германци како и нивното вооружување (топови од разни калибри, митралези и најразновидна техника).

Бункерите во Горно Лисиче: Во Качаничката Клисура дејствувала Шеснаесеттата македонска ударна бригада која секојдневно била во судир со балистите и Германците (бригадата Angel miller) на комуникацијата Скопје – Качаник.

Скопје претежно било окупирано од 22та пешадиска дивизија со 47от и 65от германски полк, некои делови од 11та воздухопловна полска дивизија, како и помали единици и борци од армиската група Е. Поголемиот дел на германските сили биле распоредени на десниот брег на реката Вардар, а нивните помошни сили од спротивната страна во реонот на денешната населба Гази Баба и индустрискиот дел на градот во тоа време. Сите објекти во кои биле позиционирани германските сили биле опколени со бодликави жици, била поставена кружна одбрана и минирани пристапи до самите објекти.

Германците ги имале минирано сите значајни објекти како што биле: зградата на Железничката станица, Кранговата палата, палата Бановина (зграда на Претседателството), дирекцијата на полицијата, Народната банка, домот на армијата, учителската школа и неколку други згради крај кејот на Вардар, вклучувајќи ги и сите мостови во градот. Германците имале поставено и надворешна одбранбена зона на линијата Горно Лисиче-Кисела Вода-гребенот на Карлијак, како и во селото Оризари.

Планот за ослободување на Скопје, ноември 1944 година.

41та дивизија, добила задача да го обезбедува реонот Градско-Криволак-Кавадарци-Плетвар, а со тоа да ја штити заднината по долината на Вардар и дејствувањето на 49та дивизија во правец на Битола, како и операциите на 42та и 50та дивизија во нивните битки за ослободување на Скопје.

Планот бил да се спојат 42та со 50та дивизија и заедно да нападнат на Скопје. За таа цел морале да бидат најпрво ослободени Штип и Велес. 42та дивизија со две бригади (третата и дванаесеттата македонска ударна бригада), да напаѓа од југ преку Каршијак, дел од нив да нападнат во Ѓорче Петров и по секоја цена да ги заземат мостовите и да се онеспособи непријателот истите да ги уништи.

50та дивизија и 8та бригада од 42та дивизија да нападнат по левиот брег по долината на Вардар, во источниот дел на Скопје, за подоцна во содејство со Шеснаесеттата македонска ударна бригада да го заземат северниот дел на градот. Планот бил да се создаде обрач околу градот и би се дејствувало кон спасување на веќе минираните мостови во самиот град.

Во крајната етапа, планот бил сите ударни младински групи кои биле организирани во самиот град, веднаш да почнат улични борби против непријателот и да се помогне во лоцирање и водење на партизаните кои би навлегле во градот. Бидејќи артилериското одделение на 42та дивизија останало на реонот на Велес, морало да се изврши силен изненадувачки напад на сите окупаторски позиции во градот со пешадиски структури.

 

1944 ослободено празник Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.