Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Празниот лист за писателот е како бришаниот простор за бегалецот!

0
By Zoran Ivanov on May 22, 2025 ИЗБОР
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 22, 2025 21:06

Имаше една кинеска поговорка: лесно е да изедеш говно- изеди да те видам камен. Во мојата терапија Македонецот не може да не скрши некој заб во јадењето на каменот од лаги и умисли за себе, од вишокот изнасилена глума, имитација и неприродност, од кои страда, но, што се два заба во замена за македонското воскресение.

 Бранко Тричковски

Секое утро кога ќе го отворам телефонот или таблетот, ми текнува на Андреј Сињавски.

Рускиот писател и дисидент кој беше рекол дека “Празниот лист хартија за него е тоа што е шумата за бегалецот.”

Се разбира, писателот може во пишувањето да бега од тортурата на стварноста, како бегалецот од затвор, може во тој празен лист да бара спасение, или самореализација.

Но, не мислам дека Сињавски ја користи метафората за да каже дека тој во пишувањето се крие. Што може да е примарно кај бегалецот пред кучињата на режимот.

Но, боже мој, и тоа не е исклучено.

Денеска нема празни листови.

На некои официјални документи ми е тешко читливо да си го напишам името и презимето и адресата.

Моториката на прстите и на дланката ми е сменета. Веројатно неповратно.

Како и менталната моториката на Македонија.

На Македонките и Македонците-да не правиме муабет.

Новите технологии и способноста на злото и дното да се претстават како добро и врв, прават чуда.

Ѕидот на Фејсбук за мене не е како шумата за бегалецот на Сињавски. Макар што би можела да биде во некои од претпоставените мотиви. Но, во главното значење, а тоа е изложеноста-не!

Ѕидот за мене е како бришан простор.

Околу мене фрчат говната на моите пациенти.

Власта ги има опремено со катапулти и со оние масаиски дувала кои тука кај нас наместо со отровни стрели се полнат со мали гомца не за убиство туку за валкање на биволот предавник.

На мојата маленкост, цум бајшпил.

Нема куршуми, бомби…

Мини има ама ги скокам како Каспер Вархолм пречките на четирстотини метари.

Тоа се подносливи опасности.

Не се жалам.

Не ги вознемирувам полицијата и обинителството со безбројните закани клевети, навреди.

Еснафските здруженија ги сметам за ромелски бункери против истоварувањето на нормалноста и професионалноста на плажата Омаха на брегот на Вардар во Скопјанг.

Освен што понекогаш ме боли курот- ништо не ми е.

Јас знам дека со моите постапки некого повредувам, но тоа е болка како кај многу други терапевтски постапки.

Има и непријатности.

Како кај ендоскопијата.

Знам.

Уште повеќе, нивната болка ја прифаќам како информација дека повредените можат да оздраваг ако редовно ја примаат терапијата.

Против лажната бит!

Дека луѓето не се безнадежно загубени.

Не ги прифаќам сугестиите дека се е залудно, макар што и јас понекогаш паѓам во таква депресија.

Тери Иглтон би рекол дека моите резони се блиски до утилитарниот консеквенционализам во кој се мери вкупното количество несреќа што ќе произлезе од нечија постапка со вкупното количество среќа што таа може да

ја предизика.

Ова ми звучи премногу сметкаџиски, а мене за сметкаџиство не ме бидува.

Јас само се обидувам да му кажам на Македонецот што му е, зошто е така смотан, зошто се обидува да го голтне мечот на вмро и да го извади од газот само за да и ги покаже на светот своите способности од кои светот може да го удри шлог.

Хахаха!

И очекувам дека макар еден ќе рече: а слушајте, овој Тричко не е толку луд колку што вика смртоносната говњарска елита.

За мене тоа би било нешто како крај на бришаниот простор кај што излегувам од дострелот на гоничите и влегувам во шумата на јаготки и други плодови.

И кладенци со студена вода.

Имаше една кинеска поговорка: лесно е да изедеш говно- изеди да те видам камен.

Во мојата терапија Македонецот не може да не скрши некој заб во јадењето на каменот од лаги и умисли за себе, од вишокот изнасилена глума, имитација и неприродност, од кои страда, но, што се два заба во замена за македонското воскресение.

Да бил Македонец, Исус би барал столче под нозете и врпци од опинците на рацете.

Да не би да умре од задушување.

Да, но така не се станува бог.

Тоа денеска им го прават.

Вмро им е и столче и пертли и крст и канче со вода.

Добиваат се за еден глас и едно ура!

Не им се потребни допломи и сертификати.

Доволно е да прифатат дека се глупи, а ако не се, дека во најкус можен рок ќе станат глупи.

Со изговор дека ги загубиле каблите за полнење на мозокот.

И идеја да воскреснат без да умрат.

Хахаха!

Не ги спречувам во тој подвиг.

Само им кажувам дека кога ќе заврши парадата на пијанството и кичот, на сонцето на слободата ќе се стопат на тие вморонските столчиња како говна.

Па ќе дојдат багерите на британските градежниците на кампови за азиланти и ќе ги изринат со се се!

Хахаха!

Од Фејсбук ѕидот на авторот

б. тричковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.