Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред 1-ви м ај, „случај под лупа“ – директор вo банка вршел мобинг врз вработена за време на ин-витро

0
By Zoran Ivanov on April 30, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 30, 2026 22:45

Во пресрет на 1-ви мај – меѓународниот ден на трудот, случај кој вклучува наводи за психичко малтретирање во Шпаркасе банка повторно ја отвора темата за заштитата на работничките права и одговорноста на работодавачите. Според достапните информации, вработена пријавила дека била изложена на мобинг од претпоставен директор во период кога минувала низ процес на инвитро.

Државниот трудов инспекторат изрече опомена за банката поради непочитување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, односно поради непостапување согласно член 28, кој го обврзува работодавачот да обезбеди заштита од психичко малтретирање.

Во решението, до кое дојде „Инбокс7“, се наведува дека на 28 јули 2025 година вработена во Шпаркасе поднела писмено барање за заштита од психичко вознемирување. Таа навела дека од 8 октомври 2024 година трпи континуирано вознемирување од претпоставен директор. По извршениот увид на 26 август 2025 година, државната инспекторка за труд, Соња Ѓорѓиева, ја задолжила банката во рок од пет дена да постапи по наодите, вклучително и да ја премести вознемируваната вработена.

И покрај сериозноста на случајот, од банката не е соопштено дали се преземени конкретни мерки за санкционирање на вознемирувачот и евентуална одговорност во секторот за човечки ресурси.

Во писмен одговор доставен до „Инбокс7“ на 17 октомври 2025 година, Шпаркасе банка навела дека постапува во согласност со законските прописи и највисоките професионални стандарди.

„Шпаркасе Банка АД Скопје постапува исклучиво во согласност со законските прописи и со највисоки стандарди на професионално и етичко однесување. Во сите процеси поврзани со работните односи, Банката ги почитува законите, внатрешните политики и процедурите, обезбедувајќи транспарентен, еднаков и фер пристап кон сите вработени“, се наведува во одговорот.

Од банката додаваат дека ги применуваат сите предвидени правни механизми за заштита на достоинството на вработените и дека остануваат посветени на создавање безбедна и поддржувачка работна средина.

Сепак, одговорот не содржи конкретни информации дали во овој случај се преземени дисциплински мерки согласно член 29 од Законот за заштита од вознемирување на работа.

Редакцијата на Скопје Инфо дополнително упати прашања до банката во врска со евентуална внатрешна истрага, санкции и механизмите за заштита од мобинг, како и за поплаките од граѓаните за функционирањето на експозитурите и квалитетот на услугите. И по 20 дена, одговор на овие прашања не е добиен.

Недостигот на конкретни информации и транспарентност, во комбинација со изречената опомена од надлежна институција, отвора дилеми за тоа колку компанијата навистина ги штити своите вработени. Во време кога се одбележува Денот на трудот, ваквите случаи се потсетник дека заштитата на работничките права мора да биде суштинска обврска, а не само декларативна заложба.

Извор: Скопје инфо.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.