Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

0
By Zoran Ivanov on July 26, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 26, 2026 00:18

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути.

Земјотресот е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија, со измерени 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Траел 20 секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути.[

Според службите за идентификација на жртвите на истиот ден, под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, од коишто 478 мажи, 430 жени и 162 деца. Овие податоци не се земени како дефинитивни поради веројатноста дел од жртвите да биле веќе погребани од своите роднини пред да ги евидентира Службата. Точната евиденција за повредените била вкупно 2.900 луѓе, од кои што 1.110 биле тешко повредени (преку 300 од нив се уште биле згрижени и до месец и половина во болниците и клиниките), а околу 800 луѓе останале инвалиди. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.[

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.

За првпат во периодот на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, американски и советски воени сили заеднички им помагале на скопјаните.

Неколку месеци порано во Скопје настанала поплава од катастрофални размери, којашто уништила многу материјални добра, иако во самиот град поминала без човечки жртви. Буицата на реката Вардар ги срушила куќите на неколку стотици скопјани. Овој настан се смета за предвесник што хипотетички придонел за Скопскиот земјотрес.

Старата скопска железничка станица, пред 1963 г. Офицерскиот дом.Црквата Св. Константин и Елена (слика од 1951 г.). Куршумли ан пред земјотресот. Местото на денешен ГТЦ.

До ослободувањето на Скопје во 1944 г., градот бил економски поизграден и поразвиен од другите македонски градови, но и покрај тоа, бил град без индустрија, без вистински градски живот, во којшто преовладувале занаетчиско-чаршиските и административно-чиновничките елементи.

Урбанистичкиот план во тој миг бил слободен за изведба и едноставен бидејќи многу мал број на згради, кои веќе постоеле, можеле да се вклопат во новата замисла. Така, урбанистите имале одврзани раце да го планираат градот. Изградбата се одвивала брзо, па Скопје доживеал и брзо развивање во многу области на животот од било кој друг голем град во поранешна Југославија.

Скопје бил административен центар и основен носител на стопанската моќ на СР Македонија, во кој што биле сконцентрирани основните институции, од кои што потекнувале и се остварувале врховните функции на општествената и државна заедница.

Околу 1/7 од целокупното население на СР Македонија живеело во Скопје според статистичките информации од 30 јуни 1963 г., или 198.153 жители. Привремено присутните жители се движеле од 12.000 до 20.000 што значи дека по бројот на жители до утрото пред земјотресот, Скопје се сметал за трет град по големина, развиеност и вложување во поранешна Југославија.

Според истата статистика, во градот имало 39.516 станови со вкупно 1.792.055 м2 станбена површина, вклучувајќи ги и 3.912 станови во изградба, со 208.026 м2 станбена површина. Од 1945 до 1961 г., се изградени околу 2⁄5 или 41 % од станбениот фонд. Од 1961 до 1963 г., се изградиле околу 9.000 станови, со што од вкупниот станбен фонд 45 % припаѓале во општествено својство и 55 % на поединечни сопственици. Просечно, на секој жител на Скопје му припаѓале околу 8 м2 станбена површина, а секое семејство броела околу 4,1 член, што значи дека градот броел околу 48.330 домаќинства. Од вкупниот број на домаќинства, во засебни станови живееле 76,5 % од жителите, додека 23,5 % живееле во деливи станови.

Скопје претставувал околу 2⁄5 од стопанската моќ, т.е., 35 % од индустриските капацитети, 77 % од градежните капацитети, 84 % од сообраќајните капацитети, и 50 % од трговските, занаетчиските и угостителските капацитети на СР Македонија. Најголем дел од крупните претпријатија во државата, или 40 %, се наоѓале во Скопје.

Ваквата концентрација на економски потенцијал била проследена и со кадровата моќ. Од околу 11.000 стручњаци со високо и вишо стручно образование во Македонија, во 1963 г., во скопје работеле околу 6.000 од нив, или околу 55 %. Од вкупниот број на квалификувани работници, 38 % работеле во Скопје.

Во градот се наоѓале околу 42,5 % од вкупната вредност на активните основни средства во државата. Во 1962 г., стопанството во Скопје остварило приход од 238.000.000.000 динари, или 54,3 % од вкупниот приход во СР Македонија. Изградбата на индустрискиот комплекс „Железарница“, хемиските комбинати „Билјана“ и „Ацителенка“, заедно со темелната реконструкција на разни постојни индустриски погони во тек, до 1967 г. ќе го направела градот значаен индустриски центар и во границите на поранешна Југославија. Со изградбата на „Билјана“ и „Ацителенка“ до 1964 г., било проектирано дека ќе го зголемат годишниот бруто домашен производ на Скопје за над 20.000.000.000 динари.

Скопје се сметал за најголем културно-просветен центар, и најголем спортски центар во СР Македонија, како и еден од најголемите градови во поранешна Југославија во којшто, во тој момент, биле сконцентрирани најзначајните културни институции:

Три професионални театри од коишто еден од нив, покрај драмски ансамбл, изведувал опера и балет; Радиостаница со 18-часовна дневна програма; …

Извор: Виукипедија

1963 земјотртес Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 24, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

ВЕСТИ July 24, 2026

Унгарскиот премиер истакна дека заемот кој ѝ е даден на Македонија е со многу поповолна…

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.