Published: Tuesday, August 27, 2013 10:10
Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжи 69 седница. Пратениците, меѓу другото, треба да ги разгледаат и измените и дополнувањата на Законот за студентскиот стандард, на Законот за Бирото за развој на образованието и на Законот за учебници за основно и средно образование, сите по скратена постапка.
На денешната седница е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, во прво читање.
„Исполнувајќи го докрај мартовскиот договор, и најмногу во интерес на македонските граѓани, ве информирам дека нашето досегашно формално учество во Собранието завршува и во неговата работа се враќаме во полн капацитет, како што тоа го правевме пред 24 декември“, рече вчера Игор Ивановски од СДСМ.




