НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предизборна бајка за новиот Клинички центар

0
By Менче Атанасова Точи on October 26, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Власта доцни со изградбата на новиот Клинички центар, цели три години. Пред неколку дена министерот Тодоров повторно спектакуларно најави дека изградба ќе започне на  пролет идната година, точно тогаш кога објектот требаше да биде пуштен во употреба.  Тоа се нови четири години на кои треба да чекаат граѓаните за да добијат нова зграда и подобри услови за лекување. Овој пат мора да се сериозни! И за да не излезе како приказната со овчарот и волкот, предизборно го распишаа тендерот. Отворањето на понудите министерот за здравство Никола Тодоров го најави на 5 декември, неколку дена пред избори.

Зарем мислат дека имаме амнезија и сме заборавиле се што кажале и ветувале во изминатите три години. Се криеле и деталите за изградбата на новиот Клинички центар за кој еве сега излегува, лажеле дека е започнат процесот на реализација на објектот. И сега пак од почеток. Целокупната инвестиција ќе чинела 128 милиони евра, а изградбата 68 милиони евра, најави  министерот Тодоров. Тоа значи 60 милиони евра повеќе од претходно? Дали е ова ново задолжување во Банката на советот на Европа­?  Или тука се калкулирани сите грешки и промашувања досега? Тоа треба и мора да го објаснат пред граѓаните, зашто тие ќе го исплаќаат кредитот во наредните 10-15 години, а не ВМРО ДПМНЕ.

Кога тоа ќе го расчистиме, има уште нешто многу важно. Да ги вратат парите што и ги дадоа на италијанската фирма Арен Срл за да изработи идеен, основен и главен проект на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“. За работата за која не ни соопштија дали ја завршиле, ги искешираа 1, 3 милиони евра. Така беше договорот. На сите прашања врзани за новиот Клинички центар Тодоров одговараше во завиена форма,  во стилот„што ви e гајле на вас“, или  избегнуваше да одговори. Дали е завршен и прифатен тој проект или одново ќе се проектира, никој досега не излезе да објасни.

klinicki-nov-2-1

Некои можеби се сеќаваат кога пишував за скандалите поврзани со новиот Клинички центар во јануари минатата година. Други можеби воопшто не прочитале или не ги интересирало бидејќи беше во екот на новогодишните празници, славеле, имале поважна работа од тоа да се заморуваат како се трошат нивните пари.

Ќе ве потсетам малку. Серија корупциски скандали се врзани за главниот архитект и сопственик, сега член на бордот на директори на Арен Срл ,Антонио Савоино кој бил два пати апсен за работи поврзани со проектирање на болници во Италија . Поранешниот масон, како што го нарекуваат италијанските медиуми,  и е добро познат на италијанската јавност како човек кој добивал големи провизии од  локални болници и така се стекнал со капитал и монопол во проектирање и изградба на болници и домови за стари луѓе. Значи, човекот е многу познат, за корупциските скандали поврзани со него се расправало и во италијанскиот парламент.

Како баш тој го доби меѓународниот тендер? Дали македонските власти знаеле за минатото на човекот на кого му ја доверија изградбата на најголемиот објект во македонското здравство со површина од 61 500 метри квадратни?  Дали е возможно да не знаеле ништо за неговото минато, кога податоците за него се лесно достапни на интернет? На овие прашања Тодоров, никогаш не одговори. Ниту тој, ниту Владата.

lopati

Но, приказната не застанува тука. Пипките на октоподот се рашириле и во земјава.  Освен двете фирми од Македонија со кои настапи италијанската Арен Срл, излезе дека имало и трета фирма која во јавноста воопшто не беше спомната. Фирмата Студио Круг ДООЕЛ била регистрирана како друштво за трговија и услуги, во време кога земала учевство во конзорциумот. Подоцна истата фирма е пререгистрирана во „изградба на станбени и нестамбени згради“, и тоа случајно или не, во период кога почнав да се распрашувам за неа. Во Централен регистар стои дека е регистрирана на двајца сопственици, едниот од Кочани, другиот од Тетово, ама излезе дека има трет кој раководи со проектот. Тој третиот во телефонски разговор, збунето ми објаснуваше дека имале ангажирано 20 луѓе кои треба да работат на проектот, кога го прашав дали имаат капацитет за изградба на таков грандиозен објект. Замрсено, заплеткано!

Ете, тоа се фирмите со кои ќе го градат најголемиот објект во јавното здравство. Дали се сериозни? Дали сме ние свесни што ни се случува? Или можеби уште сме заслепени од златните и платинести копчиња во лифтовите со кои ќе не разнесуваат низ новиот Клинички центар. Убавини!

10655golema

Министерот Тодоров пред две години дури не убедуваше дека  95 проценти од работите со проектот се завршени.

„Идејното решение заврши, рушењето на старата зграда заврши, во над 95 проценти е завршено проектирањето и се прави ревизија. Банката на Советот на Европа го распиша тендерот, првата фаза заврши, а по евалуацијата се очекува да почне втората фаза. Очекуваме кон крајот на првиот квартал да започне изградбата на новата зграда“, изјави Тодоров пред две години.

delegacija-gruevski

Ако завршило проектирањето, зошто Тодоров повторно ги најавува истите работи со повеќе финансиски средства? Колку што можеме да видиме заврши само рушењето на старата зграда на гинекологија, околу која се вртеа и сликаа екс премиерот Груевски и министерот Тодоров. Тоа беше најлесниот дел. Потоа ископаа дупка која стои така трета година по ред, се полни со вода, снег, кал и преставува потенцијална опасност за луѓето. Добро што едно време, се сетија да го заградат просторот.

Но, да се вратиме во сегашноста. Во очи на предизборието без срам и перде се појави министерот Тодоров и повторно ни ги кажа истите работи за кои зборува неколку години со ред. Потоа пред камерите на провладините медиуми, се изредија  директори на неколку клиники, па дури и претседателот на Лекарската комора.  Ги гледам даваат изјави за новиот Клинички центар и зборуваат во минато време за проблемите, како да е веќе изграден новиот објект.  Што би било, кога ќе биде. Сте ја читале бајката  „Заспаната убавица„? Е, па нешто слично. Само што по три години сите ние се разбудивме без нов Клинички центар, а директорите уште спијат и сонуваат дека поминуваат низ топли ходници. Ако ја раскажат бајката добро, можеби ќе добијат по уште еден мандат. Ако не, ќе остане Тодоров сам да ја раскажува. И така секои четири години, по луѓе, по пријатели. Предизборна бајка за новиот Клинички центар! Од навика.

klinicki-2

 

 

изградба Клинички центар скандали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.