Предлог-измените на Изборниот и на Кривичниот законик, за кои завчера постигнаа договор Владата и политичките партии, денеска се дел од дополнетиот дневен ред на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.
Измените на Изборниот и на Кривичниот законик се дел и од дневниот ред на 82 седница на Собранието, по скратена постапка.
Според постигнатиот договор, во предизборниот период предвидено е одделување на државата од партијата, забрането е отпочнување со градби, ставање камен-темелници, пуштање во употреба на објекти изградени со буџетски средства. За непочитување на оваа одлука предвидена е затворска казна од шест месеци до една година.
„Со издржаноста на нашите аргументи успеавме да ја примораме владата да ги прифати клучните наши барања кои што кореспондираат и со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР“, изјави во средата (15.01.2014) пратеничката на СДС, Цветанка Иванова.
За СДСМ ова претставува устен договор кој очекуваме да биде изгласан во Собранието на Република Македонија соодветно на договореното, значи без измени и амандмански интервенции.
Според Иванова клучен тест за практичната реализација на договореното ќе бидат претседателските избори оваа година, каде на дело ќе се покаже дали власта навистина сака да организира слободни, фер и демократски избори.




