Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог обложувалниците да бидат на 500 м. од училиштата – АСОМ: Загрозени над 8.000 работни места

0
By Нова ТВ on January 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) смета дека се неприфатливи измени на Законот на игрите на среќа зашто ќе доведат до целосно затворање на индустријата, губење на илјадници работни места и огромни загуби за државниот буџет. АСОМ реагираше по објавата на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) за почеток на подготовка на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Васко Илијевски, претседател на АСОМ, денеска изјави дека не се согласуваат со измените за одалечување на нивните деловни објекти од 500 метри од училишта и високообразовни институции затоа што тоа ќе значи затворање на 98 отсто од уплатно-исплатните места.

– Со ова, директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8.000 семејства, односно 8.000 вработени во индустријата на игрите на среќа кои преку ноќ ќе ја изгубат работата. Негативни последици ќе има и врз повеќе од 50.000 работни места во други стопански гранки, кои индиректно зависат од нашата работа, изјави  Илијевски.

Според него, ваквото законско решение широко ќе го отвори патот на сивата економија и нелегалното обложување затоа што затворањето на спортските обложувалници нема да го запре обложувањето – играчите ќе бараат алтернативни начини и обложувањето ќе се префли на нелегални локации. На тој начин, според АСОМ, државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите и малолетниците.

АСОМ реагира и поради тоа што со ваквиот закон се одзема стекнатото деловно право на компаниите кои имаат важечки лиценци за постоечките објекти и предупредува дека ќе има сериозни домашни и меѓународни правни импликации доколку им се скрати ова право на компаниите.

Во однос на предлогот за зголемување на давачките, АСОМ потенцира дека приредувачите во земјава и сега плаќаат највисоки даноци во Европа, а наведената причина за нивно зголемување е целосно контрадикторна со оддалечувањето на објектите.

– Ако ние ставиме клуч на врата на нашите објекти, државата ризикува да ги изгуби сите средства со кои индустријата на игри на среќа и сега придонесува во државниот буџет, а тое се повеќе од 250 милиони евра по сите основи на работењето. Зошто се покачуваат даноци, ако практично планот е да се затворат објектите и кој би бил економскиот ефект од тоа. Сметаме дека предлог-законот е направен без никакви економски и пазарни анализи и дека ќе има многу сериозни импликации врз државната економија, која и онака е силно погодена и дестабилизирана од ковид-кризата, рече Илијевски.

Посочи дека предлагале покачување на приходите на државата од игрите на среќа преку ефикасни европски модели на оданочување, поголема безбедност за играчите, едукација, како и трикратно повисоки казни за приредувачите кои ќе ги прекршат законите, но дека нивните предлози не биле прифатени. За да ги аргументираат, Илијевски рече дека АСОМ  бара итен прием на нивни претставници во Владата и во Министерството за финансии, како и стопирање на целиот процес за носење на измените на законот и вклучување на сите засегнати страни во подготовка на нов предлог закон.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.