Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог Законот за стечајни постапки ќе оди на второ читање

0
By Нова ТВ on December 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 30, 2013 16:42

Помина првото читање во Собранието за решавање на 300 стечајни постапки од минатото.

Според заменик-министерот за економија, Кристијан Делев со ова ќе се стави крај на минатото создадено од опозициската партија.

– СДСМ е поим за темната, криминална приватизација во државата. Додека беше на власт безброј луѓе останаа на улица. Со новиот закон за затворање на стечајните постапки, работниците, кои ги чекаат своите пари 15 години, ќе бидат намирени, рече Делев додавајќи на опозицијата дека дрско разговара за законот чија цел е да го затвори срамот на СДСМ и криминалната приватизација, време во кое според него, биле отворени 330 стечајни постапки.

Со овој закон, вели Делев, даваме предлог како тие да се затворат. Дел се водат уште од СФРЈ, затоа и така реагирате. Ги водат некои ваши блиски соработници на кои не им одговара затворање. Продолжуваат да ги издават халите, објектите,…, и средствата ги користат за свои цели.

Според него, јавно се достапни информациите за стечајните постапките, и во секој суд и во Министерството за економија.

– Ако имотот на фирмите кои се под стечај не се легализира, нема никогаш да се продаде. Ние намерно сакаме да се легализира за поранешните вработени да добијат повеќе средства, истакна тој.

Во однос со Сведмилк, Кристијан Делев му сугерираше на Николов да ја праша колешката Ленче Николовска.

– Прашајте ја Николовска која директно беше инволвирана во овој случај. Детално ќе ви објасни како одеше постапката. Таа и нејзиниот газда ја однесоа компанијата во стечај, рече Делев, додавајќи дека предметот Сведмилк е еден од најуспешните примери на реализирани стечајни постапки.

Николов од СДСМ претходно, во текот на дискусијата, го праша Делев да каже конкретно за кои компании и стечајни постапки станува збор, колку вработени засегаат и колку точно имот.

– Ја поздравуваме идејата на Владата да ги реши стечајните постапки зашто со нив се најзасегнати работниците. Но, законот не остава простор работниците да се надеваат дека ќе им се исплатат платите. Намерно се крие податокот кои се тие стечајни постапки, за кои компании се работи, колку вработени имало во нив и за колкав имот се води спор, констатира Николов.

Според него, вработените во Порцеланка немаат земено 25 плати, а од Лозар и другите фирми кои се под стечај, 20 плати.

Собранието го поддржа предлог-законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај, за вонсудско спогодување, и одлучи да се даде на натамошно, второ читање.

Пратениците ја констатираа и потребата од донесување на предлог измените и дополнувањата на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, по скратена постапка, како и на предлог законите за вонсудско спогодување и за дополнување на Законот за индустриската сопственост, двата во прво читање.

Со измените на Законот за регистрирање готовински плаќања, според Марјанчо Николов, се воведува нова казна за граѓаните од 20 евра доколку не земат фискална сметка за доброто или услугата што ја добиле и не ја чуваат петнаест метри.

„Се работи за одредби кои веќе еднаш Уставниот суд ги укина“, предупреди Николов, кој смета дека повторно се удира по џебот на граѓаните.

Заменик-министерот за финансии Ардијан Џеладини објасни дека сопственикот е обврзан на јавно место да објави дека граѓанинот треба да си ја земе фискалната сметка. Мерката, рече, се презема за подобрување на фискалната дисиплина и заштита на интересите на граѓаните.

– Секој граѓанин е обврзан да побара фискална сметка, потенцира Џеладини.

Собранието во прво читање ги поддржа и измените на Законот за данок на додадена вредност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.