Бесим Небиу: Консензус околу ЕУ меѓу сите партии од мејнстримот на политичкиот спектар е практика во сите земји кои успешно го завршија процесот на влез во ЕУ. Предлогот на г-нот Филипче е за поздравување, бидејќи и пружа рака на владејачкото мнозинство во однос на нејзините наредни потези во врска со откочување на евроинтеграциите – нешто што ВМРО-ДПМНЕ не го правеше додека беше во опозиција. Евроинтеграциите не треба да се дневно-политичка тема, а консензусот меѓу сите партии од позиција и опозиција, би придонеле таа да се издигне од тоа ниво, во кое за жал многу пати во минатото и реално беше. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.