Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предложените измени на Законот за полиција се чекор назад во заштитата на жртвите, смета Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

0
By Marija Todorovska on February 27, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изрази длабоко несогласување и загриженост за предложените измени на Законот за полиција. Според нив, овие измени претставуваат чекор назад во заштитата на жртвите на семејно и други форми на насилство врз жени, воведувајќи несигурност и дополнителни бариери кои ја влошуваат безбедноста на жртвите.

Како што информираат оттаму, со важечкиот закон на полициски службеник кој сторил семејно насилство оружјето ќе му се одземе штом ќе се добие известување од надлежниот центар за социјална работа и одземањето трае сѐ до правосилно завршување на судската постапка која се води против тој службеник.

Измените предвидуваат дека полициски службеник кој сторил семејно насилство ќе го задржи оружјето додека не се спроведе цела постапка од внатрешната контрола при МВР, што е спротивно на важечкиот закон и Истанбулската Конвенција.

Ваква предложената измена на овој член е во спротивност со Истанбулската Конвенција и со Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство и доколку би се усвоила како таква би ги довела во прашање спроведувањето на привремените мерки за заштита на жртвите на овие форми на насилство, велат од Националната мрежа.

Дополнително, со измените се брише обврската за задолжителен психолошки и психијатриски преглед на полициски службеници обвинети за насилство.

Исто така со овие измени се брише членот 31-а со кој што раководителот на организациската единица беше обврзан да го упати на задолжителен психолошки и психијатриски преглед полицискиот службеник кој е обвинет за кривично дело или прекршок со елементи на насилство или за кој е добиено известување од надлежниот центар за социјални работи дека сторил семејно насилство и со кој се обврзува наодот од таквиот преглед да се достави до Министерството за внатрешни работи, дополнуваат оттаму.

Националната мрежа предупредува дека усвојувањето на овие измени ќе ги остави жртвите незаштитени и ќе го зголеми ризикот од ескалација на насилството. Тие бараат итно повлекување на измените за да се осигура дека законот ќе биде во служба на заштитата на сите граѓани, особено на најранливите.

Оттука, категорично се спротивставуваме на предложените измени на Законот за полиција. Бараме итно повлекување на истите, со цел да се осигура дека законот навистина ќе биде во служба на заштитата на сите граѓани, особено на најранливите, стои во нивната реакција

жртви закон за полиција измени насилство семејно насилство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.