НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлозите за укинување на пржинската влада и на апанажата не поминаа во Собранието

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 10, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред усвојување на дневниот ред на денешната 62. седница, пратениците не го прифатија предлогот на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се донесе предлог законот за изменување на Законот за владата, со кој се предвидува укинување на „прижинската влада“.

За предлогот гласаа 32 пратеници, 55 против, а немаше воздржани, по што претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека предлогот не е усвоен.

Пратениците со 47 гласа „за“, 33 „против“ и без воздржани го усвоија Предлог-законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, поднесен од: Петар Ристески, Зоранчо Јованчев, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска, Ане Лашкоска, Златко Пенков.

Петар Ристески образложи дека целта на предлог-законот е да се надминат проблемите, да се обезбеди правна сигурност при откупот на тутунот и да се допрецизира третманот на неферментираниот тутун.

Потоа Џафери ја задолжи Комисија за земјоделство, шумарство и водостопантсво како матично тело да расправа по законот.

Беше повлечен Предлог-законот за изменување на Законот за семејство, поднесен од Димитар Апасиев и  Борислав Крмов, кој треба да се донесе по скратена постапка. Апасиев образложи дека го повлекува законот бидејќи во текот на вчерашниот ден е остварена комуникација со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и најави дека следната недела ќе има средба во МТСП.

Не беше усвоен Предлог – законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката од Левица, кој има за цел укинување на апанажата. За гласаа 16 пратеници, против беа 13, а воздржани немаше.

Во процедурална забелешка Талат Џафери објасни зошто гласал против овој закон. Посочи дека Собранието не е локална самоуправа каде функционира врз доброволна основа, без надоместоци и рече дека на крајот на мандатот функционерите ја користат законската можност.  Нагласи дека гласал „за“ Законот за тутун зошто тутунопроизводителите се занимаваат со една од најтешките работи во земјоделството, од утро до мрак.

Тој рече дека не го поддржал законот за Влада зошто една година се води, како што рече, меѓупартиски договор за да се излезе со договор. Toj го повтори ставот дека тој закон треба да се донесе откако ќе го потпишат сите координатори на пратеничките групи, најголеми. Смета дека законот е неуставен.

Пржинска влада Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.