Продолжуваат апсењата. Предмалку е уапсен вработен во Министерство за Одбрана, кој бил ангажиран во Секторот за човечки ресурси, дознава НОВА.
Воената полиција го привела во касарната Гоце Делчев.
Како што објави денеска НОВА, станува збор за широка полиска акција во која се уапсена 15 лица.
>>15 уапсени: Цветанов, Стојков, Диневски, Дамовски, Маџовски
Ване Цветанов, екс директор на Агенција против перење пари, генерал Горан Стојков и Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање се уапсени денеска во најновата полициска акција.
Полицијата ги привела режисерот Борис Дамовски, авторот на анимираниот сатиричен филм „Еднооки“ кој и покрај големата популарност беше укинат и Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година.
Се уште полицијата не потврдува за оваа акција, но дознаваме дека Дамовски се терети за шпионажа и злосторничко здужување.
Покрај нив уапсен бил и вработен во Агенцијата за разузнавање со албанска националност, чиј идентитет не се соопштува.
Во секој момент треба МВР да соопшти детали од акцијата пред новинарите.




