Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предмет „Тортура“: Понижувачко апсење за политичка одмазда

5
By Биљана Секуловска on March 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 28, 2016 12:47


Припадници на специјалната единица „Алфa“ беспоговорно и со сервилна покорност кон шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, извршиле понижување и мачење врз Љубе Бошковски во текот на неговото апсење за случајот „Кампања“, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи.

Фетаи посочи дека отворена е истражна постапка против седуммина осомничени, меѓу кои прв осомничен е екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, кој наредил за време на апсењето, без да постои каков било отпор, да се употребат закани и прекумерена сила. Не е побаран притвор за никој од осомничените, а за онеи кои што се се уште дел од Министерството за внатрешни работи е побарано предлог-мерка на претпазливост.

Врз основа на прибавени доказ, Фетаи тврди дека оштетениот бил малтретиран, заплашуван и понижуван. Сите инволвирани биле живо заинтересирани целокупната јавност да ја види бескрупулозноста на дел од полициските сили – Алфи во изведување на апсење на политички противник на партијата која е на власт.

– Еден ден по завршување на парламентарните избори првоосомничениот како службено лице – директор на Управата за безбедност и контраразузнавање поради дискриминација по основ на поинаква политичка определба, ги навел останатите осомничени да во вршење на службата при лишување од слобода на Бошковски, кај истиот предизвикаат душевно страдање.

Првоосомничениот по разработен оперативен план во МВР за лишување од слобода поради сомнение дека врши кривично дело – злоупотреба на средства за финансирање во изборната кампања, а заради одмазда спрема оштетениот поради политичките пораки кои му ги упатил во текот на политичката кампања, ги навел службениците во текот на лишувањето да предизвикаат душевно страдање, вели Фетаи.

Според неа, екс шефот на УБК ја искористил моќта и функцијата за директно да го нападне достоинството на Бошковски. таа смета дека за време на апсењето на паркингот пред скопскиот ресторан Воденица, полициските сили ги пречекориле законските овластувања.

-Второосомничениот, кој бил командант со зборовите „Легнете го на земја, на земја да се апси“, „Легни го доле“, издал наредба за апсењето, по што останатите осомничени употребиле прекумерна физичка сила, насилно го легнале на земја, удирајќи го по нозете и држејќи го за рацете.

Го малтретирале со зборовите, „Шефот ми рече 8 години не ти бегаат“, „Нека лежи ѓубрето“; „Ајде сега нека лае ѓубрето“, „Пичка ти мајчина“, „Дојде моментот да се реванширам“, „Да ти ебам жената“ и други вулгарни зборови спрема неговата мајка, сопруга и деца, а во тој момент третоосомничениот му го ставил пиштолот на образ упатувајќи му зборовите „Бел ден да не видиш“, вели Фетаи.

Обвинителката тврди дека Бошковски намерно бил ставен со лицето кон тоалетот со цел да биде снимен од медиумите и понижен пред јавноста.

Според Специјалното јавно обвинителство, на оштетениот му било предизвикано душевно страдање и директно му било повредено човечкото достоинство. Оттаму велат дека законот е дециден и ова е кривично дело – Тортура, казниво според Кривичниот законик на Република Македонија, а се прекршува и членот 3 од Европската Конвенција за човекови права.

Лидерот на партијата Обединети за Македонија Љубе Бошковски беше спектакуларно уапсен на 6. јуни 2011 пред скопскиот ресторан Воденица, на само ден по парламентарните избори, под сомнение дека незаконски ја финансирал изборната кампања и во три наврати од загрозениот сведок зел 130 илјади евра за незаконско финансирање на кампањата.


снимки од апсењето кои беа објавени во медиумите

Бошковски го издржа најголемиот дел од 5 годишната затворската казна, а пресудата му истекува на 6. јуни. Иако неговата одбрана побара тој да биде ослободен, бидејќи издржал три четвртини од казната и покажал добро поведение, сепак од затворот се уште нема најава дали тој би бил порано пуштен, што согласно законот би можело да биде 90 дена порано до конечната отслужување на казната.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.