Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ)Албански медиуми: Албанското собрание исклучи 19 пратеници од ДП; договорот Рама-Мелони помина во Уставниот суд; О’Брајан повика на одговорност од Србија за Бањска

0
By Marija Todorovska on January 30, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секретаријатот за етика во Парламентот на Албанија донесе одлука за исклучување на 18 пратеници на ДП од пленарни седници на 10 дена и заменикот Ервин Салијањи на 20 дена, поради блокирање на работата на Собранието, известија албанските медиуми.

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Балканот Џејмс О’Брајан повика на одговорност од Србија за инцидентот во Бањска, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Репортери: 19 пратеници на ДП се исклучени од Собранието на Албанија

Секретаријатот за етика во Парламентот на Албанија донесе одлука за исклучување на 18 пратеници на ДП од пленарни седници на 10 дена и заменикот Ервин Салијањи на 20 дена.

Социјалистичката партија претходно побара исклучување на 19 пратеници на ДП кои ја блокираа работата на Собранието на Албанија и на Специјалната комисија за изборни реформи.

Во писмото упатено до Секретаријатот за етика, се наведува дека пратениците од опозицијата го блокирале зборот, со бучни уреди направиле хаос во салата, кршејќи го и попречувајќи го уредниот развој на седницата, пренесува Репортери.

НОА: Уставниот суд ја одобри  одлуката за договорот на Албанија со Италија за имигрантите

Уставниот суд ја одобри одлуката во врска со договорот за имигрантите направен меѓу Италија и Албанија. Според судот, овој договор е во согласност со Уставот.

Одлуката за договорот со Италија за сместување илегални имигранти беше донесена на третата седница одржана по ова прашање со тесна разлика од 5 гласа „за“, од вкупно 9 членови на Уставниот суд.

Во соопштението дистрибуирано до медиумите, Судот тврди дека договорот не поставува територијални граници, ниту го менува територијалниот интегритет на Република Албанија, пренесува НОА.

КОСОВО

Бота Сот: О’Брајан бара Србија да бара одговорност од напаѓачите во Бањска

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Балканот Џејмс О’Брајан повика на одговорност од Србија за инцидентот во Бањска.

Тој рече дека треба да има законска одговорност за лицата инволвирани во вооружениот напад во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку.

О’Брајан, исто така, ја нагласува силната американска поддршка за дијалогот меѓу Косово и Србија, олеснет од Европската унија, и ги цени посетите што шефот на дипломатијата на ЕУ, Мирослав Лајчак, ги остварува во регионот, во посета на главните градови  Приштина и Белград, пренесе Бота Сот.

ВОА: Израел најави  укинување на визите за граѓаните на Косово

Амбасадорката на Израел во Косово, Тамара Зив, во понеделникот објави дека израелската влада одлучила да го одобри договорот за укинување на визите за косовските граѓани.

Амбасадорката  Зив во соопштение преку социјалните мрежи рече дека двете надлежни министерства ќе продолжат со процедурите за потпишување и граѓаните ќе бидат известени веднаш штом стапи во сила одлуката.

Се надевам дека овој посебен историски момент во нашите билатерални односи дополнително ќе ја промовира растечката соработка меѓу нашите земји и ќе ги зближи нашите граѓани“, напиша амбасадорката Зив, пренесе ВОА.

КОЛУМНА

Газета Експрес: Динарот не е дел од дијалогот

„Точно е дека започнувањето со имплементација на регулативата од почетокот на февруари може да предизвика проблеми за косовските Срби. Досега се плаќаа во динари.

Парите се носеа  од Србија во Косово преку граничниот премин Јариње, како најблизок премин до Лепосавиќ, каде што се наоѓа трезорската канцеларија на Банката на Србија. Овој примитивен начин на внесување пари во Косово мора да заврши, но мора да се најдат алтернативи како понатаму.“, пишува авторот Имер Мушколај во колумната „Динарот не е дел од дијалогот“, објавена во Газета Експрес.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Албански медиуми регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.