Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преговарачката рамка денес на изјаснување пред пратениците

0
By Соња Крамарска on July 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред пратениците во Собранието денеска ќе се најде францускиот предлог, а претходно на пленарна седница обраќање ќе има претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА вчера изјави дека од пратениците очекува да размислуваат државнички, како претставници на народот, а не само на партиите.

„За одлуката во Собранието, очекувам плодна и суштинска дискусија, очекувам дека пратениците ќе бидат на ниво на задачата, која е пред нив и дека ќе размислуваат државнички и трезвено, како им доликува, како претставници на народот, а не само на политичките партии“, рече тој.

Ковачевски нагласи дека во Собранието најпрво ќе се отвори дискусија, а потоа и ќе се донесат заклучоците, со кои ќе се задолжи Владата да постапува согласно одредени принципи од кои нема да смее да отстапи, а сѐ со цел заштита на позициите, кои, како што рече, нам како држава ни се најважни во целиот овој процес.

На прашањето зошто воопшто вакви заклучоци, доколку тие немаат влијание врз предлогот, Ковачевски вели дека заклучоците кои ќе се донесат практично ќе ја задолжат Владата во процесот на преговори да води исклучителна грижа за нашите црвени линии, односно да се обврзе на заштита на националниот идентитет и сите наши специфичности да бидат зачувани и заштитени.

„Македонскиот јазик е чист во европскиот предлог. Нема никакви фусноти и дополнувања. Чист македонски јазик, директно во преговарачката рамка. Унилатералните изјави, се забелешки со кои бугарската страна изјавува нешто и ние изјавуваме нешто друго. И тука се затвора таа приказна. Правно-формално, тие едностраните изјави немаат никакво влијание врз процесот. Со таа унилатерална изјава, бугарската страна, дава забелешка дека таа и само таа и ниту една друга земја членка, има поинакво мислење од она кое e наведено во официјалниот документ на Европската Унија. И тоа стои како информација, која нема никакво влијание ниту на јазикот, ниту на процесот, ниту на која било точка од преговорите понатаму“, вели Ковачевски.

Премиерот нагласува дека откако Северна Македонија ќе стане полноправна членка македонските граѓани ќе можат да се обратат до институциите на ЕУ на македонски јазик, а институциите ќе бидат должни да им одговорат, исто така, на македонски.

Претходно, пораки со поддршка беа упатени и од високи претставници на ЕУ и САД за прифаќање на францускиот предлог, меѓу кои и од германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, додека некои беа и во Скопје, како претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, вчера во Скопје изјави дека за Европа е добро Северна Македонија да биде членка на ЕУ.

„Интересите на Холандија во Северна Македонија се многу едноставни. Сакаме просперитет и стабилност и затоа не гледаме алтернатива за Северна Македонија освен ЕУ и НАТО. Треба да бидете во НАТО и треба да бидете во ЕУ. Тоа е добро за Северна Македонија, тоа е добро за Холандија и тоа е добро за Европа“, изјави Јан Коп.

Влегувањето во ЕУ, посочи Јан Коп, е процес базиран на заслуги, но не се работи само за едноставно заокружување на она што е постигнато, туку и да се дејствува и да се спроведуваат реформи. Чувство за оптимизам, според него, треба да биде тоа што Северна Македонија може да напредува многу брзо во многу поглавја од преговорите.

„Само еден пример. Кога преговорите ќе дојдат до поглавјето за тарифи и царина, земјата ќе ги помине речиси веднаш. Побрзо од очекуваното и има многу области во преговорите со ЕУ каде Северна Македонија е најдобриот ученик, споредено со останатите земји од Западен Балкан и тоа треба да биде извор на оптимизам, а не Бугарија“, изјави Јан Коп.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак вчера со порака дека неговата партија нема да гласа за измена на Уставот.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за измените на Уставот, а нема да гласаат мислам ниту пратениците од СДСМ откако ќе го видат Протоколот кој ќе го потпише Бујар Османи“, изјави Мицкоски на почетокот на вчерашниот протестен марш под мотото „Ултиматум, не благодарам“.

„Продолжуваме онаму каде што застанавме. Рековме дека сето она што ќе се случува во деновите кои што се пред нас во Парламентот преставува обична фарса, суштината е во оваа зграда овде. А, суштината е дека тие што се во оваа зграда овде веќе се согласиле на тоа кое што го нарекуваат модифициран последен предлог, а во суштина е ништо повеќе отколку директен удар врз македонскиот идентитет. Тоа се луѓето кои што ќе останат запаметени во македонската историја како луѓе кои го распродаваа идентитетот македонски за да ги зачуваат своите фотелји уште неколку месеци“, рече Мицкоски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вчера рече дека МВР ќе ги преземе сите мерки за безбедност на пратениците и на законодавниот дом, посочувајќи дека се собираат потребните податоци и информации, како што потенцираше, во однос на можните случувања коишто би биле во текот на одржувањето на седницата

„Секако дека протести, јавно изразување на својот став, мислење, е демократска вредност, демократско право, меѓутоа тоа мора да биде и на демократски начин. Демократијата не подразбира анархично однесување, напротив демократијата подразбира однесување во рамките на законот“, изјави Спасовски. (Р.Н.)

Преговарачка рамка Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.