„Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата.“ – пишува во соопштението од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева откако поради влошена здравствена состојба мораше порано да ја напушти седницата на Комисијата.
Во меѓувреме побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола.
Седницата требаше да трае до 23 часот, но поради здравствената состојба на Јанева, седницата е презакажана и ќе продолжи утре во 13 часот.