НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преку независниот кандидат за градоначалник на Кочани партиите ќе си ги премолчат меѓусебните прашања  

0
By Zoran Ivanov on March 29, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е целта за дезавуирање секаков странски ангажман или надзор на истрагата: за „Пулс“ отфрлен во старт, за „Модуларната болница“ саботиран преку игнорирањето на наодите на германската истрага – затоа што во обата случаи широка и непристрасна истрага води во партиски оркестрираната системска корупција во која крајни корисници се олигархијата и организираниот криминал, а оштетени сме сите во Северна Македонија. Жртвите и нивните семејства најмногу.

 Ивон Величковски

Идејата „Независен“ кандидат за градоначалник на Кочани договорен меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е обид за прикривање на системско убиство на шеесетина млади животи во „Пулс“.

Тоа е потреба на олигархијата и организираниот криминал кои институционално се штитени од раните 1990-ти години од нивните партии (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и партиите произлезени од нив).

Со таков „независен кандидат“, по можност единствен – забошотувањето на неработењето на институциите, а особено на самата општина е – гарантирано.

За почеток, за да се затскријат трагите кои тргнуваат од локалната самоуправа.

Сега се потребни избори на кои ќе се утврди политичка одговорност и ќе се избираат кандидати што гарантираат политичко лидерство во институциите за:

– работа според програма и закон, и

– казна за виновниците.

Веќе не е изненадување што овој предлог доаѓа од СДСМ.

Претседателот на оваа партија и претседателот на Републиката од утрото на 17 март со сличните изјави го најавија спојот меѓу лицето и опачината на транзициската олигархија и „франкфуртската мафија“ што доведоа до кочанската трагедија.

Сега треба да опстане стариот сооднос во системот во кој партиите во владата се променливи, но власта не.

Во тој договор несистемските Македонци, мнозинството од македонскиот народ треба да останат:

– контролирани од двете партии и нивните сателити и

– непретставени преку градоначалници, советници, пратеници и министри кои не се автохтоно произлезени и избрани, туку формално гласани по предлог на „централата“.

Затоа за сите „македонски партии“ проблем се „маргиналците“, „небитните“, „идеалистите“… граѓаните, а не криминалците.

Окупацијата на југо-тајкуните и нивните партии над македонскиот народ во Скопско, Повардарието, источниот дел на Северна Македонија и Пелагониско – неформалната територија „Република Македонска“ проектирана по формат на „Република Српска“ за припадност во „српскиот свет“ – беше продолжување на југословенистичката окупација со „мека сила“, кредитно условување на админ-закрепостеното население и превенција на претприемништвото за зависност од системот.

Во преплет на организираниот криминал и корупцијата со бруталниот криминал.

Во оваа окупација несистемските Албанци, мнозинството од албанскиот народ требаше да остане со октроирано претставништво селектирано низ „идеолошка диференцијација“ по лојалност кон југословенско Скопје и обврска да остане исклучена од економско-финансиските текови на земјата – и до и по приватизацијата.

Проекцијата од 2023 меѓу олигархијата и нивните две партии кај Македонците беше во рамките на уредувањето на односите меѓу Белград и Приштина оваа структура да биде под надлежност на Курти.

Затоа за сите – ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, СДСМ, ЗНАМ… медиуми, комори, инфлуенсери – и до и по 8 мај 2024 таргетот беше ДУИ, иако во изминатите двеипол децении – сите беа во коалиција со неа или произлегуваа од неа.

А во тој договор, несистемските Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци… воопшто и не се од интерес на двете коалиции, бидејќи едноставно нивните партии се сведени на пар административни вработувања и по некој претставник во (пониските ешалони на) власта.

Нека остане „1 спрема 1“

Ова е целта за дезавуирање секаков странски ангажман или надзор на истрагата: за „Пулс“ отфрлен во старт, за „Модуларната болница“ саботиран преку игнорирањето на наодите на германската истрага – затоа што во обата случаи широка и непристрасна истрага води во партиски оркестрираната системска корупција во која крајни корисници се олигархијата и организираниот криминал, а оштетени сме сите во Северна Македонија. Жртвите и нивните семејства најмногу.

Затоа се одбегнува и Надзорна расправа во Собранието – бидејќи длабоката поврзаност на криминалот со политиката ќе исплива на површина – во директен пренос на ТВ.

„Независниот кандидат“ на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кочани ќе треба да глуми локално фокусиран администратор кој ќе подели директорските места во локалните јавни претпријатија, основните и средните училишта по партиски договор. И толку.

А преку него договорените партии ќе ги прикријат прашањата:

– на улогата на обезбедувањето на „дискотеката“ во пропуштањето малолетници и прекубројни посетители;

– на одговорноста во струковите Комори кои ги лиценцирале агенцијата за обезбедување и проектантот на „Пулс“ врз основа на чиј проект е побарувана лиценцата во 2012;

– на улогата на МВР во непрекинувањето на концертот при сите пропусти и ризици кобната вечер и месеци и години пред тоа, но и на улогата на УЈП, ДПИ… во прогледувањето низ прсти на овој и уште кој знае колку вакви „угостителски објекти“ и во Кочани и во целата држава – со години и децении.

Едноставно, „независниот кандидат“ треба да ги поврзе пукнатите шевови меѓу партиските фракции на олигархијата и организираниот криминал сместени во „Белата палата“ и „Бихаќка“, за да се „заборави трагедијата“ се да остане по старо.

Логично е барањето на „Кој е следен“ партиите да престанат да им се лепат за дневно да профитираат на маката на луѓето што системски ги убиваат и иселуваат 30 г.

Отфрлени, (мегафоните на) ова ВМРО-ДПМНЕ немаат влијание врз јавното мислење со етикетите што им ги лепат на сите додека Владата отвора телефони за „донации за настраданите“, а дели буџетски пари за Пи-аР агенции за прес-клипинг.

Презрени (мегафоните на) овој СДСМ немаат влијание врз јавното мислење во обид да произведат атмосфера на „шарена револуција“ бидејќи на сите им е јасно дека киднапирајќи ја изворната во 2015-16 – го злоупотребија општествениот импулс за реформа на системот.

Штом системот не може да биде реформиран – системот мора да биде уништен пред да ги уништи граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе се соочуваат со гневот што го предизвикаа бидејќи:

– нивните лидерства се (семеен) дел од системот негуван од нивните претходници, но многу повеќе

– сметаат дека македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија ќе им прости што само бараат административни форми да го продолжат системот што неʹ иселува и убива.

Низ „Модуларна“, низ „Пулс“… се до транзиција и приватизација. На „лидерската средба“, господа „Христијан Филипче“, „Венко Мицкоски“ сосе „Максим Црвенковски“ – дополнете го списокот.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

 

ВМРО градоначалник Ивон Величковски Кочани СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.