Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преку организиран државен протокол телата на загинатите ќе им бидат предадени на семејствата

0
By НОВА ТВ on November 30, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 30, 2021 07:34

Телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија во која настрадаа наши сограѓани, авионски ќе бидат донесени во петок, а преку организиран државен протокол останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Во текот на вчерашниот ден уште тројца од повредените пациенти кои се лекуваа во болницата „Пиргов“ во Софија, се вратија во државава.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера информираше дека предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во автобуската несреќа ќе биде направено преку организиран државен протокол.

– По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември, г-дин Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа, во четврток 2 декември. Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден петок 3 декември, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови, објави на својот Фејсбук профил Османи.

Од болницата „Пиргов“ во Софија, вчера беа отпуштени маж и неговата сопруга, кои беа повредени во автобуската несреќа. До сега, како што јави дописникот на МИА од Софија, пет македонски државјани се отпуштени од болницата, а на лекување остануваат уште двајца.

Двајцата пациенти од автобуската несреќа во Бугарија кои беа хоспитализирани на Клиниката на пластична хирургија во Скопје, вчера беа пуштени на домашно лекување.

Истрагата за автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 македонски државјани, а седуммина беа повредени, продолжува.

Шефицата на одделението за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за телевизија „Телма“ рече дека ги сослушувала сите возачи. Според неа, сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу, бил во еден од автобусите кои се враќале од Истанбул, како втор возач, но сите четири автобуси не возеле во конвој, туку разделени па не ја виделе несреќата.

Со сопственикот Хаџиу, Русковска рече дека разговарала на местото на несреќата, каде тој и рекол дека не е пренесувана никаква запалива материја во автобусите.

– Беше видно вознемирен и потресен. Го прашав дали носеле резервни канти со гориво. Вели дека нема шанси тоа да се случило. Ова беше неформален разговор, тука на самото место на настанот. Дали случајно можеби некој патник да купил пиротехнички средства, бидејќи се ближи Нова година, исто беше дециден дека одговорот е не. И толку беше нашиот разговор, изјави Русковска.

Во однос на прашањето како било возможно автобусот да изгори толку бргу, обвинителката Вилма Рускоска, изјави дека врз основа на информациите од бугарските истражители, за некои испитувања е потребно повеќе време.

– Инаку јас тоа точно го видов, баш го имам и сликано, делот фактички од кај што е почнат пожарот, а тоа е багажниот простор кој се наоѓа над резервоарот на автобусот. Затоа што на автобусите, резервоарите се напред, изјави Русковска.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Хаџиу во интервју за БНТ ја отфрлил можноста некои од патниците да внесувале запаливи материи. Тој потврди дека и тој и неговото семејство биле дел од патувањето, но патувале со други автобуси. Неговите деца биле во последниот автобус.

Хаџиу рече дека автобусот бил произведен во 2007 година, но бил купен од неговата компанија пред околу три години.

Според сопственикот, досега немало технички проблем со автобусот. Од Република Северна Македонија тргнале четири автобуси. На враќање од Турција, во автобусот кој се движел прв патувал тој и неговата сопруга и на бугарско-македонската граница, на излез од Бугарија, дознал дека неговиот автобус излетал и со такси тргнал на местото на несреќата. Кога пристигнал, со часови останал на местото на настанот.

Хаџиу одби да ја коментира верзии за несреќата бидејќи истрагата е во тек, но посочи дека три недели пред несреќата автобусот поминал на технички преглед во С. Македонија и додаде дека пред секое патување, сите возила на компанијата „Беса транс“ поминуваат низ сервис.

– Пред да тргнеме за Турција ги сервисираме, контролираме, па дури и кога ќе стигнеме до Истанбул и таму одиме на сервис да ни проверат, превезуваме патници, да видиме каква е состојбата. Се беше во ред таму, а ако нешто не е ни кажуваат веднаш да го поправиме, објасни сопственикот на „Беса транс“.

Тој меѓутоа рече дека во автобусот немало канистри со гориво бидејќи бензинот што го наполниле во Истанбул бил доволен за да одат до Скопје, а потоа да се вратат во Истанбул. Поради темелните проверки на бугарските граници се исклучува можноста патник да донел лесно запаллива материја.

– Во секој автобус има туби, но тие се со вода, секој автобус мора да ги има за секој случај и тоа е вода за резерва. Ова е резервна вода. Строга контрола на влез во Бугарија, багаж, возач и сè што се носи, вели тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера обвинија дека власта се уште нема одговор за несреќата и дека секојдневно се појавуваат нови дилеми. Опозицијата прашува дали е вистина дека директорот на Инспекторатот за транспорт Руфат Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.