Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

0
By Marija Todorovska on May 17, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 17, 2024 12:25

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер ќе се одржи премиера на престава за млади „Адамс Фемили“„ со адаптација и во режија на Теа Беговска.

-Фамилија Адамс е приказна со која сите сме растеле и за поголемиот дел од публиката е веќе позната. Карактерите се препознатливи, многу атрактивни и предизвикувачки за креирање, како за актерите така и за режисерот. Оваа идеја за Фамилија Адамс за Теа Беговска постои повеќе од осум години и е среќна што Албанскиот Театар за деца и млади му даде шанса на овој проект да се реализира токму со ваква прекрасна екипа на актери. Имаме подела за карактерите која е полн погодок кај нас, се вели во соопштението за претставата.

Претставата е намената за млади и тинејџери, но и за возрасните, за родителите и сите семејства.

-Претстава во која како тема се проткајува љубовта и разбирањето за тоа дека таа е најсилна од се’. Прифаќање на нештата онакви какви што се. Разбирање за тоа дека убавината е во различноста, среќата е во различноста. Среќата како начин и избор, а не нешто наметнато и научено според правила. Вредностите на општеството се учат и применуваат само преку различностите, а не преку строги, одредени и единствени правила. Вредностите на едно семејство не се тоа што го пишува во учебниците, вредностите на семејството не се однапред измислена и научена дефиниција на памет – семејството е искреност, верба, љубов, прифаќање – целосна хармонија, се посочува во соопштението.

Во претставата играат Валдета Исмаили, Мелика Кастрати, Мумин Абдулахи, Деа Пајазити, Флакрон Али, Елдин Широки, Гзим Жерка и Блерим Дардишта.

Сценографија е на Дардан Ахмети и Теа Беговска, костими на Андреј Папаз Ѓоргиевски, композитор е Енес Беговски, мајстор за звук Албин Сопа, мајстор на светлата Елмедин Брахими и Амет Чајани, сценски работник Ќамуран Шапка и Јетмир Адеми, а гардероба на Месер Џемаили.

Адамс Фемили Албански театар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.