Крсте Велкоски го постигна вториот гол во дресот на Сараево во новата сезона. Македонскиот интернационалец, кој воедно е капитен на „бордо“ тимот, погоди во дербито на шестото коло во Премиерлигата на БиХ против Зрински што неговата екипа го доби со 4:2.
Велкоски, вообичаено, беше стартер за Сараево и во листата на стрелци за запиша во 32. минута. Останатите три беа дело на Ахметовиќ. Но, 30 годишниот стружанец овојпат не одигра цел натпревар. Причина за тоа беше исклучувањето во 77. минута (втор жолт картон).
Покрај погодокот со Зрински, Велкоски погоди и во победата на Сараево против Слобода со 1:0.