Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека Граѓанскиот суд Скопје донел правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и актуелна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети за него.
Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете. Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене. Судот ѝ наложи не само да ми се извини, туку и да ја објави пресудата во медиумите, затоа што вистината мора да излезе на виделина, пишува Мицкоски во објавата на Фејсбук.
Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска му возврати на премиерот Мицкоски дека спорот завршил во едно рочиште.
Прв меѓу еднаквите. Среќна 1949 година, напиша таа исто така на Фејсбук
Петровска најверојатно ќе поднесе жалба на првостепената судска пресуда.