Премиерот на самопрогласената Доњецка Народна Република, Александар Бородај, поднесе оставка, а него ќе го замени Александар Захарченко, сегашниот командант за единиците на проруските сили на истокот на Украина.
Бородај рекол дека се повлекува од местото премиер откако ја завршил својата работа на „придвижувач“, па од сега ќе ја врши должноста на заменик премиер и нема да ја напушти непризнатата република, пренесува АФП.