– Поради непречено функционирање на општината, во интерес на граѓаните, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ предложи именување на нов претседавач на Совет и подготвеност да поддржиме било кој предлог кој ќе биде предложен од страна на мнозинството предводено од СДСМ и Жерновски, изјави Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар.
Тој вели на тој начин советниците од владејачката партија докажуваат две работи, дека граѓаните заслужуваат општина која ќе одговори на нивните барања, и дека на тој начин докажуваат дема власта нема намера да обезбеди контрола врз општината на нелегитимен начин.
На тоа реагираа советниците од коалицијата предводена од СДСМ. Оттаму потенцираат дека ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да бара избор на нов претседавач на Советот на Општина Центар.
„Мирослав Шиповиќ е легитимно избран за Претседавач, согласно волјата на граѓаните на последните локални избори. А, неговото оправдано отсуство е резултат на политичкиот процес што власта го води против него. Од чекорите што ги превзема ВМРО-ДПМНЕ се потврдува дека нивна цел е да се блокира работата на општина Центар“, стои во реакцијата на СДСМ.
И покрај тоа што координаторот Лазаров и другите советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека како советничка група се подготвени да го поддржат секој предлог на Советот, СДСМ упатува на тоа дека доколку навистина сакаат да бидат конструктивни, ВМРО-ДПМНЕ не треба да ја проблематизираат позицијата на Претседавачот Мирослав Шиповиќ, туку да го дадат својот придонес во советот и да работат во интерес на граѓаните на Центар.




