Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес конференција. Се очекува СЈО да соопшти информации со нвоа предистражна постапка. Во изминатиот период СЈО ги обелодени аферите „Транспортер“, „Титаник“, „Тврдина“ и „Тортура“.
Во сите досегашни предмети на СЈО, лица од власта беа осомничени за директна вмешаност во незаконитости, а за три лица досега судот одреди притвор.