Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресе: Виена преговара за сместување на илегални мигранти на Балканот

0
By Нова ТВ on June 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 15, 2018 14:21

Австриската Влада преговара со земјите од Западен Балкан за отворање центри за протерување на илегални мигранти, пишува виенскиот весник „Пресе“.

Весникот тврди дека Виена „веќе преговара“ со Скопје, Белград, Тирана и Приштина за отворање „кампови за протерување на лицата кои во Австрија добиле негативен одговор на барањата за добивање азил, а кои пристигнале преку балканската рута“.

Тие лица, според „Пресе“, треба да бидат времено сместени во некоја „помалку атрактивна земја“ за мигрантите.

Весникот наведува дека земјите од Западен Балкан за возврат бараат пари, а Виена моментно ги разгледува и правните можности.

Во протерувањето треба да помогне и Фронтекс, но за тоа мора да биде променет мандатот на оваа агенција на ЕУ.

Засега не е познато колкава ќе биде големината на планираните кампови за протерување на Балканот, пишува „Пресе“, додавајќи дека тој проект е поддржан од Данска и Холандија.

Вчера високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, одговорајќи на новинарско прашање за идејата да се отворат кампови за бегалци на Балканот, порача дека ЕУ треба да работи со постојниот модел.

– Имаме систем со Либија и мислам дека може да биде корисен модел, да се поддржи и консолидира. Базиран е на соработка со властите на самото место, агенцијата на ОН и земјата на потекло. Моделот дава резултати и не мислам дека ни е потребен нов инструмент. Треба да инвестираме повеќе ресурси да го консолидираме овој механизам, кој дава резултати веќе шест месеци – изјави Могерини.

Данскиот премиер неодамна предложи да се отворат бегалски кампови „во Европа, но надвор од ЕУ“ алудирајќи, според дипломатски извори, на Западниот Балкан. Австрија изрази поддршка за данската идеја, но таа не е формализирана.

Управувањето со миграцијата и изнаоѓањето решение за овој посебно сензитивно политичко прашање во ЕУ ќе биде една од главните теми на следното австриско претседателство од 1 јули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.