Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресметка меѓу браќата Милкови и таткото на кавадаречкиот градоначалник

0
By Менче Атанасова Точи on April 1, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 1, 2015 18:22

Таткото на градоначалникот на Кавадарци Петар Панов, денеска повторно физички и вербално ги нападнал браќата Методиј и Панчо Милкови, иако е осуден на четири месеци условна казна бидејќи во декември 2013 година му нанел тешка телесна повреда на неговиот сограѓанин Методи, тврдат за НОВА Милкови. Според објаснувањето на Методи тие биле нападнати денеска на пладне во моментот кога на градскиот плоштад се одржувала манифестација по повод денот на шегата 1-ви април, пред околу 2000 луѓе, од кои најмногу деца.

„Петар Панов започна да вика по нас како сме смееле да зборуваме против ВМРО ДПМНЕ и Груевски. Не нападна со клоци, почна да ни удира шлаканици, по што интервенираше полицијата. Униформираните полицајци кои се најдоа тука го фатија и го однесоа во полициска станица каде што изјави дадовме и ние. Се се случуваше пред очите на децата и насобраните граѓани“, раскажува за НОВА Методиј Милков.

Од друга страна, од СВР Велес тврдат дека во полицискиот бележник стои дека браќата Милкови биле тие што нападнале.

„Околу 12 часот пред Стопанска банка двјацата браќа М.М(роден 1944 г.) и П.М (1950 г.)физички го нападнале П.П(1946 г.), му се нафрлиле и го собориле на земја по што интервенирала полицијата. Во 14.45 браќата се пуштени дома и поради физички напад против нив ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна пријава„изјавоз а НОВА Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

Стојковска потенцира дека имало сведоци, односно очевидци на настанот и полициски службеници кои виделе што се случува.

Тензиите и расправиите межу браќата Милкови и таткото на градоначалникот на Кавадарци датираат уште од порано, но од пред две-три години интервенираат полицијата и судот.

Таткото на кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, Петар, во јули минатата година беше осуден на условна казна од четири месеци затвор.

На него Методи Милков му поднесе тужба за нанесување на тешка телесна повреда, кога во декември 2013 -та година прво го претепал со дршка од пиштол, а потоа со пиштол му се заканувал и на неговиот брат Панче. Браќата изјавија дека не се задоволни од пресудата и најавија жалба до Апелациониот суд.

-Не сме задоволни, ова е преблага казна за ваква повреда. Сметам дека Судот е пристрасен, изјави тогаш за НОВА Панче Милков.

Браќата Милкови тврдат дека ова не е првпат таткото на градоначалникот да се обидува да се пресмета со нив, откако е осуден на условна затворска казна, но велат никој од надлежните не превзема мерки. Двајцата браќа Милкови, се едни од основачите на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци.

„Јас и мојот брат сме едни од основачите на ВМРО ДПМНЕ, со членски книшки од 1990 година. Но, во последно време не се согласуваме со политиката на власта, која ги раскара и подели луѓето. Тоа често и го кажувам на трибините кои ги организира ВМРО ДПМНЕ во мојот град. Но, тоа не им се допаѓа на актуелниот градоначалник и на неговиот татко, па на ваков начин ни се реваншираат и мене и на брат ми, вели Методиј Милков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.