Денеска околу 14 часот на плоштадот во Охрид се судриле две навивачки групи кои покрај меѓусебната физичка пресметка оштетиле и неколку паркирани возила во градот.
Како што информираше за НОВА, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски на инцидентот му предходела расправија која од вербална преминала во физичка пресметка. Околните паркирани возила биле оштетени со дрва и камења.
Полицијата реагирала по што е спречен поголем инцидент, според СВР Охрид во инцидентот учествувале 10-тина млади луѓе, но неофицијалната бројка е многу поголема, очевидци велат дека во тепачката учествувала 50-тина лица членови на навивачките групи Куманово и МЗТ Скопје.
Неколкумина од нив се приведени и по индентификацијата ќе бидат поднесени соодветни пријави, вели Димоски.
Инаку во Охрид се одржува Кошаркарскиот куп на Македонија, а првата утакмица е закажана за денеска во 17 30.




