Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресметките на богатството на контроверзниот Субрата Рој

0
By Нова ТВ on July 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 15, 2013 08:27


Koнтроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој, кој во својата земја се гони за криминали ја заврши неколкудневната посета на Охрид, каде најави инвестиции од една милијарда евра во различни области- сточарството, туризмот, па дури и филмската индустрија.

Што се однесува до инвестицијата во агрокомбинатот „Џумајлија“, Субрата Рој најави дека за три години планира да вложи 200 милиони евра, а и информираше дека е доставена банкарската гаранција со која 100 процентно ја потврдува инвестицијата.

Во интервју за 24 вести, Субрата Рој се соочи со мали проблеми околу конверзијата на валутите, пресмета колку всушност е неговиот капитал, со кој најавува инвестициски бум, за кој и тој и владејачката ВМРО-ДПМНЕ добија критики од опозициската СДСМ.

Сепак и покрај богатството, на Субрата Рој му е потребно земјиште во Македонија и најверојатно нема лесно да го реализира проектот кај Љубаниште, Охрид, каде заедно со македонските власти најавува градење на луксузен комплекс, со оглед на спротивставените изјави кои за НОВА ги дадoa Министерството за култура и Владиката Тимотеј.

И двете страни ја спорат сопственоста на земјиштето и тврдат дека е нивно и дека тие располагаат со правата и оттука со (не)можноста да му се продаде на контроверзниот бизнисмен, кој во неговата матична земја Индија се гони за криминали и проневери и во моментов тамошниот суд пресуди враќање на долг од 4,38 милијарди долари.

Владиката Тимотеј во петокот за НОВА изјави дека “нема намера ниту да дава, ниту да подарува земјиште, ниту пак дека некој го прашал за земјиштето”, додавајќи дека “не може власта, односно Министерството за култура да дава нешто што не е нивно”. Што се однесува до Субрата Рој, Владиката Тимотеј го карактеризира со зборовите- “тој е обичен мангуп”.

Од друга страна пак, Министерството за култура за НОВА изјави дека спорното земјиште “не е црковно, туку државно” и оттука, Република Македонија се води како сопственик.

Освен тоа, на Рој и окрај богатството, бесплатно ќе ја добие градежната парцела за споменик Мајка Тереза со површина од 621 метри квадратни спроти споменикот „Воин на коњ“ .

Одлуката за подарување на атрактивната локација во строгиот центар на Скопје ја донело Министерството за култура, а истата веќе е публикувана во Службен весник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.