Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Престанете со хомофобична кампања за дефинирање на бракот“

0
By Нова ТВ on September 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 24, 2013 10:54

Да се запре со хомофобичната кампања која поттикнува омраза, дискриминација и насилство, реагираат од „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, згрозена од политичкиот варваризам, најостро го осудува говорот на омраза и дискриминацијата кон ЛГБТИ луѓето искажан вчера во Собранието на Р. Македонија по повод предлог уставните измени за дефинирање на бракот.

– И на врапчињата на покривите им е сосема јасно дека иницијативата за уставни измени е всушност „нов бран“ на старата партиско-медиумска кампања која шири говор на омраза кон ЛГБТИ луѓето, и создава ирационален страв и паника дека „геј лобито“ е закана за „здравата нација“ и причина за „рецесија на наталитетот“. Токму затоа, најостро ја осудуваме повторната злоупотреба на парламентарната дебата и собраниската говорница за предизвикување на „нов бран“ чувство на пониженост и повреда на достоинството на група луѓе врз основа на сексуална ориентација, се вели во реакцијата.

Од коалицијата прашуваат „како да се сфати постојаното инсистирање на владејачката партија да се води јавна расправа на тема „истополови бракови“, кога ЛГБТИ луѓето се изложени на неказнето насилство и на постојани закани и дискриминација во сите општествени сфери, кога полицијата се уште ги нема пронајдено силеџиите кои извршија дивјачки напади врз активисти и организации за човековите права на ЛГБТИ, и кога ниту една невладина организација во Република Македонија не го покренува прашањето за редефинирање на бракот?“

Според нив, слично како и во 2010, владејачката партија и провладините медиуми шират омраза и поттикнуваат дискриминација обидувајќи се да ја манипулираат јавноста со прашањето за „истополови бракови“.

Тие забележуваат дека тогаш, собраниската говорница беше злоупотребена при носењето на законот за заштита од дискриминација. „Сега повторно сме сведоци на говор на омраза и нетолеранција од одделни пратеници и на бесрамни обиди за манипулација на јавноста за време на т.н. собраниска „дебата“ за уставно „прецизирање“ на бракот. Манипулациите одат до таму што јавно се изнесуваат лажни тврдења дека пред Уставниот суд била поднесена иницијатива за легализирање на истополови бракови, иако стануваше збор за сосема друг вид иницијатива, односно пошироко дефинирање на „лични и блиски односи“ со цел овозможување на заштита од семејно насилство и на партнери од ист пол.

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, како и во 2012 години преку барањето за усвојување на Декларација за осуда на говорот на омраза кон маргинализираните заедници, повторно јавно ги повикува пратениците во Собранието да се воздржат од понижувачки и недостоинствен говор кон ЛГБТИ луѓето и да почнат да го почитуваат Законот за заштита од дискриминација кој самите го донесоа.

„Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ апелира до владејачката партија да ја запре перманентната пропагандна кампања против истополови бракови која поттикнува дискриминација и насилство врз основа на сексуална ориентација.Таквата негативна кампања денес не е својствена ниту за европските конзервативисти, ниту пак за десничарите.

– Идејата за уставни измени нема ништо заедничко ниту пак со традицијата која ја афирмира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ (античкиот македонизам). Како е можно истите пратеници кои ги величаат полигамистите Филип II (кој имал дури седум сопруги) и Александар Македонски (кој во еден ден се оженил со две перциски принцезии стовремено), сега јавно да се залагаат за „одбрана на традиционалните вредности“ и за „бракот исклучиво како заедница меѓу еден маж и една жена“? Дали третманот на жената како предмет на размена меѓу мажи од две фамилии е традицијата на бракот за којашто се застапуваат пратениците од ВМРО ДПМНЕ? До кога пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе ја манипулираат македонската јавност со лаги за историјата и традицијата?, реагираат од коалицицијата.

Коалицијата бара од Собранието и од Владата да подготват легислатива која ќе го стопира неказнетото насилство (кривичните дела од омраза) и говорот на омраза (врз сите основи, вклучително и врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.